Сиљановска-Давкова разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International“ и на „Хабитат Македонија“

October 8, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска разговараше со претставници од САД на глобалната мрежа „Habitat for Humanity International“, како и со националниот директор на „Хабитат Македонија“, Зоран Костов и со претседателот на Управниот одбор, Драган Малиновски.

Таа, најпрво им ја честиташе дваесетгодишнината од основањето, посакувајќи им понатамошен успех во реализацијата на благородната идеја за градење свет во којшто секој ќе може да го оствари правото на пристојно живеење.

За неа, импресивна и инспиративна е нивната несебична заложба и неуморна работа насочена кон подигање на квалитетот на домувањето на сиромашните луѓе, неможна без волонтирање, застапување и подигање на јавната свест за поголема солидарност во развојот на заедницата.

„Ние, како и многу други држави мора да вложиме особен напор во унапредувањето на квалитетот на живеењето, секаде и за сите, ставајќи крај на супстандардните услови во некои средини, недостојни за живот“, смета претседателката.

Претставниците на „Habitat for Humanity International“, со љубов и страст зборуваа за своите ангажмани во справувањето со енергетската сиромаштија и гарантирањето стандарди во нејзиното користење ширум светот, потенцирајќи дека се трогнати од добрината, благодарноста и активноста на македонските граѓани.

Тие ја истакнаа незаменливата улога на невладините организации, како кредибилни партнери на овој план и укажаа на неопходноста од постојана и интензивна владино-невладина соработка во функција на остварување подобри резултати.

Македонските претставници ја презентираа својата досегашна работа, насочена кон овозможување инклузивен и одржлив развој на сиромашните средини, како ромските, но и други, со финансиска помош на ЕУ.

Тие ги посочија активните проекти во повеќе од 30 општини, како и пионерските партнерства со институциите за микрофинанисирање.

Соговорниците се согласија за нужноста од стратешки пристап кон домувањето за да се намали, па и спречи егзодусот на најквалификуваниот кадар, како неспорен и докажан промотор на иновации и главен носител на развојот во сите средини.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Халид Бешлиќ ќе биде погребан покрај Кемал Монтено- не му се исполни желбата да снимат дует

Следно

Официјално: Салах го однесе Египет на СП 2026!

Latest from Blog

Муцунски во Белфаст се сретна со министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Ивет Купер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва на Фејсбук објави дека во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиие во рамки на Берлинскиот процес во Белфаст имал средба со

Официјално: Салах го однесе Египет на СП 2026!

ФОТО: EFA/FB Готово е, веќе нема дилеми. Селекцијата на Египет и официјално се пласира на СП 2026 кое ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. “Фараоните“ денеска на гостувањето

Се појави заборавена насловна страница на „Плејбој“ со Трамп на неа во 1990 година

Тој сподели фотографија од своето „неочекувано откритие“ на социјалните мрежи, а интервјуто со тогашниот 43-годишен Трамп го опиша како „навистина лудо четиво“. Насловна страница од март 1990 година. На насловната страница на

Страшна снимка од Грција: Балкон падна од зграда, додека жена минува по тротоарот (ВИДЕО)

Морничавата сцена се случила вчера попладне во градот Лаврио, а балконот падна од двокатна зграда во која се наоѓа популарна аптека, објави Прототема. Жена одела по тротоарот кога балконот паднал, едвај избегнувајќи
Go toTop