Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

April 16, 2026
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“.

Денеска – 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Во петок – 17 април, Сиљановска-Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, којшто ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално Собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници на панелот се: претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.

На 5. Дипломатски форум во Анталија, којшто е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Песков: Русија е подготвена да го разгледа предлогот за складирање на ирански ураниум

Следно

Пожар во рафинеријата во австралискиот град Џилонг

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Нов Регионален центар за ЈИЕ – ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот

16 април 2025 година, Вашингтон-  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамки на пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, учествуваше на тркалезна маса на која беше претставена петгодишна програма за

Пожар во рафинеријата во австралискиот град Џилонг

Веднаш по дојавата за пламен и експлозии во рафинеријата во 23:15 часот, интервенирале бројни екипи на противпожарната служба на сојузната држава Викторија кои го локализирале пожарот. Според последните информации, пожарот се уште

Песков: Русија е подготвена да го разгледа предлогот за складирање на ирански ураниум

„Русија изрази подготвеност да го складира збогатениот ураниум на Иран. Тоа беше добра одлука, но американската страна ја отфрли (…). Претседателот Путин изрази подготвеност да се врати на овој предлог доколку на
Go toTop