ШВЕДСКИОТ РЕЖИСЕР РУБЕН ОСТЛУНД ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО ВО КАН

February 28, 2023
1 min read

Шведскиот режисер Рубен Остлунд, двоен добитник на престижната Златна палма, ќе биде претседател на жирито на 76. Кански филмски фестивал. За неговиот последен филм, „Триаголник на тагата“, Остлунд лани ја доби Златната палма, а годинава има и две номинации за Оскар, за сценарио и за режисер.  во 2017 тој победи во Кан и со „Квадратот“. На канскиот фестивал има учествувано и со два други филма, од кои за едниот ја доби наградата од жирито.

„Среќен сум, горд и почестен што ми е доверена честа да бидам претседател на жирито за годинашната селекција во Кан“, изјави Остлунд, кој по 50 години ќе биде првиот Швеѓанец на чело на жирито, после Ингрид Бергман.

„Никаде во филмскиот свет, исчекувањето не е толку силно како кога се крева завесата на филмовите во конкуренција на фестивалот. Привилегија е да се биде дел од него, заедно со канската публика. Искрен сум кога велам дека кинокултурата е во својот најважен период досега“, вели Остлунд.

„Со поканата до Рубен Остлунд да претседава со жирито, фестивалот во Кан сака да им оддаде почит на филмовите кои се бескомпромисни и искрени и кои постојано бараат гледачите да се предизвикуваат себеси и уметноста да продолжи да се реобмислува“, соопшти Фестивалот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фергусон: Тен Хаг е на вистинскиот пат

Следно

ЕУ го објави предлог-договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop