Вработените во грчката железница, како и машиновозачите започнаа 24-часовен штрајк со што во текот на денешниот ден ќе сообраќаат само мал број возови со изменет возен ред, а во прекин ќе бидат и приградските линии во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.
Од синдикатите на вработени во „Hellenic Train“ преку штрајкот бараат сите отпуштени да се вратат на своите работни места; бараат инвестиции во железничката мрежа; итни мерки за одржување на железничката инфраструктура; завршување на инфраструктурните проекти, како и итно повторно отворање на регионалните линии.
Дополнително, посочија дека за време на 24-часовниот штрајк ќе го обезбедат потребниот персонал за неопходните услуги, за да може железничкиот систем да функционира барем на основно ниво.
Извор: vecer.mk


