Жена од шпанскиот град Аликанте доби отказ поради што доаѓала на работното место пред време. Во образложението за отказот е наведено дека таа не ги почитувала правилата на фирмата.
Работодавецот тврди дека прераното доаѓање на работа е сериозно прекршување на правилата на фирмата, кршење на работната дисциплина и непочитување на инструкциите на надредените.
Вработената повеќе пати била предупредена дека нејзиното доаѓање на работа 40 минути пред работното време е бесцелно, но таа продолжила поради што добила отказ.
Таа пред суд го оспорила отказот. Судот застана во одбрана на работодавецот истакнувајќи оти вработената „сериозно ги кршела работните обврски“.
Извор: kurir.mk


