Шолц претпочита реизбор на Бајден: Освен за САД, изборот на Трамп би бил лош и за Германија

May 22, 2023
1 min read

Ако сите луѓе се еден против друг, тогаш не може да има добра иднина, а затоа поранешниот претседател се залага за голема поделба во земјата, изјави германскиот канцелар за време на посета на училиште во близина на Берлин

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека го претпочита актуелниот американски претседател Џо Бајден отколку неговиот претходник Доналд Трамп за реизбор и дека се надева оти Бајден повторно ќе биде избран на функцијата претседател на САД за уште еден мандат.

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Шолц ова го изјави за време на посета во основно училиште во близина на Берлин. Обраќајќи се пред учениците, Шолц го обвини Трамп дека предизвикува поделби и оти неговиот избор би бил лош не само за САД, туку и за Германија.

Одговарајќи на прашање на еден ученик, Шолц рече:

„Мислам дека сегашниот претседател е подобар, па сакам тој да биде реизбран“.

Осврнувајќи се на Доналд Трамп, Шолц рече:

„Ако сите луѓе се еден против друг, тогаш не може да има добра иднина, а затоа поранешниот претседател се залага за голема поделба во земјата“.

Неодамнешните анкети, според Ројтерс, покажуваат дека актуелниот американски претседател Џо Бајден има предност пред потенцијалните републикански противкандидати Доналд Трамп и Рон де Сантис.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Шаленберг го оцени како катастрофален можниот влез на Украина во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Следно

(ВИДЕО) Опожарениот мост го држат затегнати челични кабли, но кој и како ќе пресече дали се оштетени

Latest from Blog

Мис Универзум Мексико ќе оди на суд- ја тужи организаторот на натпреварот (ВИДЕО)

Целата драма кулминираше со судска постапка по неколку недели јавни обвинувања. Како сè започна Раздорот започна на 4 ноември, кога Ицарагрисил јавно ја критикуваше мексиканската претставничка за наводно одбивање да учествува во

ВИТАМИНСКА БОМБА ЗА АНЕМИЈА

Чувство на постојан умор, бледа кожа, забрзано чукање на срцето и недостиг на здив – можеби мислевте дека е само последица на стрес и современиот начин на живот. Но што ако станува

ФОТО: Прогласена бојата за 2026 – Нов тренд во модата и ентериерот

Институтот за бои Пантон традиционално, како и секоја година, ја избира бојата за претстојната 2026 година и веќе ја гледаме насекаде околу нас. Доловувањето на културниот дух и трендовите за претстојната година
Go toTop