Шојгу во контрола на фронтот во Источна Украина, жестоката борба за Бахмут продолжува

March 4, 2023
1 min read

Министерството за одбрана објави дека Шојгу го посетил командното место на фронтот во правец Донецк-Југ, без да прецизира точно место или време

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши увид во „командното место“ на линијата на фронтот во источна Украина, во услови на жестока битка за градот Бахмут, соопшти неговото министерство.

Министерството објави дека Шојгу го посетил командното место на фронтот во правец Доњецк-Југ, без да прецизира точно место или време. Министерството објави видео на кое се гледа како Шојгу лета со хеликоптер, а потоа разговара, без да носи шлем или панцир, со војник пред оштетените згради. Во продолжението на видеото Шојгу им дава медали на руските војници.

За време на посетата на Шојгу, продолжуваат жестоките борби за контрола на Бахмут, во регионот Доњецк, место кое стана симбол бидејќи двете страни се борат со месеци. Претходниот ден, шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, чија единица е во првите редови на битката за Бахмут, рече дека тие „практично го опколиле“ Бахмут и дека моментално има само еден излез од градот.

Ројтерс пренесува дека има интензивно руско гранатирање на рутите кои водат западно од Бахмут, што е обид да се блокира пристапот на украинските сили до и од градот, додека мост во соседниот град Хромове е оштетен во гранатирање на руски тенкови.

Ројтерс забележа интензивно руско гранатирање на рутите кои водат западно од Бахмут, очигледен обид да се блокира пристапот на украинските сили до и од градот. Мост во соседниот град Хромове е оштетен во гранатирање на руски тенкови.

Украинските војници работат на поправка на оштетените патишта, а повеќе војници се движат кон првите линии, што е знак дека Украина се уште не е подготвена да го предаде градот.

Претходно, Пригожин постојано ја критикуваше командата на редовните руски сили, обвинувајќи ја дека недоволно ги поддржува борците Вагнер. Шојгу на крајот на декември оствари две посети од овој тип.

Русија е решена да го заземе Бахмут, сега уништен град, а некогаш познат по своето пенливо вино, како дел од нејзината поширока цел да го освои целиот регион Доњецк.

Украина претходно изјави дека ќе ја брани „Тврдината Бахмут“ колку што е можно повеќе, но оваа недела властите рекоа дека ситуацијата е тешка.

Но, и украинските и руските сили објавија големи жртви во борбата за контрола на градот, чија симболична важност го надминува неговото воено значење.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бесплатна градинка за дечињата од социјално загрозени семејства во Аеродром

Следно

Прегазена жена во Скопје, возачот избегал

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop