Шестмина убиени, 10 повредени во напад на израелски дронови во источен Либан

August 7, 2025
1 min read

Шест лица се убиени, а 10 повредени денес во нови израелски напади со беспилотни летала во источен Либан, што претставува ново кршење на договорот за прекин на огнот што е во сила од крајот на 2024 година, пренесува Анадолу.

Либанската државна Национална новинска агенција (ННА), повикувајќи се на соопштение од Министерството за здравство, соопшти дека во нападот било погодено возило на меѓународниот пат Ал-Масна во Долината Бека, при што биле убиени пет лица, а 10 биле повредени.

Во друг напад со беспилотно летало убиен е либански цивил во градот Кфар Дан, западно од Баалбек во источен Либан.

Според агенцијата, маж стоејќи пред својот дом бил цел на дронот. Нема дополнителни информации за овој напад.

Еден сириски државјанин претходно е убиен, а двајца повредени во израелски напад извршен во текот на ноќта врз градот Деир Сиријан во округот Марџајун во јужен Либан, објави Министерството за здравство.

Израелската Армија, исто така, извела напади и врз северните предградија на Деир Сиријан во близина на реката Литани, како и гаража и булдожери во близина на станбени области, според ННА.

Во соопштение, израелската Армија тврди дека во нападите нападнала инфраструктурни објекти на Хезболах.

Израел започна воени операции во Либан на 8 октомври 2023 година, кои ескалираа во целосна војна до септември 2024 година, при што се убиени над 4.000 луѓе, а повредени околу 17.000.

Прекин на огнот беше постигнат во ноември, но израелските сили спроведуваа речиси секојдневни напади во јужен Либан, тврдејќи дека целта на нападите се активности на групата Хезболах.

Според прекинот на огнот, Израел требаше целосно да се повлече од јужен Либан до 26 јануари, но рокот беше продолжен до 18 февруари откако Тел Авив одби да го почитува. Израел сè уште има воено присуство на пет гранични пунктови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити од Гази Баба: Конкретни проекти за подобар живот на граѓаните

Следно

Експлозија во апартман во Грција: Повредени 5 српски туристи, двајца со изгореници од прв и втор степен

Latest from Blog

Скандал и злосторство: ДЕЦАТА ОД УКРАИНА ЗГРИЖЕНИ ВО ТУРЦИЈА ПОД ТОРТУРА И СИЛУВАЊА

Украина се соочува со нов скандал поврзан со евакуацијата на деца во Турција, како дел од проектот „Детство без војна“. Операцијата започна во март 2022 година по договор меѓу Елена Зеленски и

Нема струја, нема фудбал! (ВИДЕО)

И тоа го има во Србија. Натпреварот од 18-то коло од Српската Суперлига помеѓу играчите на Раднички и Чукарички беше прекинат во 50-тата минута поради прекин на електричната енергија на стадионот „Чаир“

Заврши состанокот на Зеленски со европските лидери – Макрон: Европа има многу „карти во своите раце“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја заврши билатералната средба со британскиот премиер Кир Стармер и ја напушти канцеларијата на британскиот премиер. Украинскиот претседател сега патува за Брисел, каде што ќе се сретне со

Магла на Ѓавато и Пресека, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато и Пресека. -На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури
Go toTop