Сфаќа ли ЕУ каде ја утна со имиграцијата?

October 20, 2023
2 mins read

Хрватските медиуми најавуваа дека Словенија планира да ја врати контролата на границата со Хрватска, што де факто би значело суспендирање на Шенген. Причина е зголемениот риик од тероризам.

Не станува збор само за Словенија, во сите држави на ЕУ расте недовербата кон имиграцијата и отворените граници, кои се самото срце на постоењето на Унијата. Швеѓаните кои изминатите 30-тина години водеа исклучително либерална имиграциска политика, беа принудени да направат пресврт и да ги заострат условите за доселување (башка што дојдоа до дереџе премиерот да бара помош од војската; види „Како Шведска стана европско Мексико?“)

„Имиграциониот проблем во Европа не е резултат на либерализмот, туку на радикалната левица“, смета Марио Накиќ од хрватски Либерал. Во неа тој го става и номинално десниот ХДЗ бидејќи има усвоено многу радикално леви политики.

За да се сфати разликата меѓу левата и класично либералната позиција по прашањето на имиграцијата, битно е да се разберат две работи, вели тој:

1. Левицата подржува социјална миграција, а се противи на работната миграција. Тоа може да се види по бројните медиуми кои ја напаѓаат хрватската полиција кога ќе спречи илегални преминувања на границата ама го критикуваат увозот на работна сила и од Владата бараат да ги врати квотите за увоз на работници. Левицата не сака странски работници, таа сака странски неработници без документи, со сомнително минато и намери.

2. Либерализмот  ја поддржува слободната трудова миграција. Човек кој сака да оди и да работи во друга земја, ако таму најде работа а работодавецот му извади работна дозвола, притоа не е криминалец и има уредни документи, треба да има право да се досели и да работи. Странските работници имаат позитивно влијание на целокупната економија во земјата, заради нив производите и услугите се поповолни, тие главно ги работат оние работи кои домицилното население не сака да ги работи и со својата продуктивност создаваат уште едно дополнително работно место.

Втора работа, која нема врска со економијата, но е важна за сигурноста на заедницата: човек кој доаѓа во странска земја да работи, нема да има ни време, ни енергија, ни потреба да се бави со криминал.

Ова што го гледаме во ЕУ е главно социјална, а не работна имиграција. Се пропуштаат луѓе без документи, со сомнително минато, кои не изразуваат ниту намера ниту желба да се вработат. Таквите луѓе потоа добиваат социјална помош од државата, која пак не е доволна за нормален живот. На луѓето им е дозволено да шетаат по улици со вишок слободно време. Хмм, што ли би можеле да прават?

Токму овој масовен увоз на млади мажи чиј идентитет или минато се непознати и кои не покажуваат намера да се вработат, ги создава проблемите во кои сè повеќе се наоѓаат европските земји, смета Накиќ.

“Мислам дека многу европски функционери ја прифатија оваа деструктивна левичарска политика за да не бидат обвинети за ксенофобија и расизам. Но, на овој начин само им дадоа ветер на десничарите кои едвај чекаа поединци меѓу имигрантите да почнат да прават срања, да се зголеми ризикот од тероризам и земјите да почнат, една по една, да ги затвораат границите. Тоа е влажен сон за десничари!“.

Авторот предлага  да се обезбеди работна виза за секој што сака да дојде во ЕУ да работи, а по некое време да може да стане и полноправен граѓанин.

А на оние пак, кои не сакаат да работат, немаат документи и се обидуваат да го сокријат идентитетот – треба јасно да им се покаже патот назад.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Спасовски најави поставување камери во поголемите градови

Следно

Во Северна Македонија организиран протест за поддршка на Палестина

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop