Сестра Ефимија: Во демократски свет не смееме да изразуваме верски тоталитаризам

September 18, 2024
1 min read

Несекојдневна глетка е да се види и да се слушне претставник од религиозните заедници, уште помалку монахиња, на панел каде што фокусот е родовата еднаквост, објави Призма.

Минатиот викенд, сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица учествуваше на дебатите за родова еднаквост, организирана од Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА во Маврово.

Таму беа и новинари, политичари и претставници од бизнис-секторот.

Нејзиното присуство е значајно и поради минатогодишните искричења меѓу Црквата и невладиниот сектор околу тоа кој како го сфаќа внесувањето на родовата еднаквост во законите.

Иако родовата еднаквост во меѓународните организации се користи за да се адресираат различни општествени нееднаквости, противниците, во овој термин, меѓу кои и одредени претставници на МПЦ и ИВЗ, гледаат конспирација да се „избрише“ биолошкиот пол, со цел да се промовираат правата на ЛГБТ заедницата и трансродовите луѓе (оние кои се идентификуваат со различен род од полот што им бил доделен при раѓање).

Таа е дипломиран теолог и социјален работник, а има завршено и магистерски студии по уставно право и теологија. Моментално подготвува докторат на катедрата по политички систем на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

БИРН разговараше со неа за подобрувањето на родовата еднаквост во нашето општество и нејзината улога во овие процеси.

-Црквата е авангардна, таа секогаш оди напред, истовремено (иако звучи парадоксално), не напуштајќи ги своите древни темелни вредности, врз кои е изградено целото светско општество. Но, од нас зависи како она во кое веруваме ќе биде примено од другите и затоа мора да продолжиме да се движиме по линијата на прифаќање на различностите. Тоа не значи да се повлечеме, одобрувајќи ги сите современи појави, бидејќи така Црквата би се поткопала самата себе, но не значи ни дека имаме право секому да се наметнуваме. Во свет кој се стреми кон демократија, не смееме да изразуваме верски тоталитаризам, вели таа.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работна средба на министерот Мисајловски со амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Следно

Копретседавачите на македонско-бугарската комисија го усогласуваат терминот за следниот состанок

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop