Со гол постигнат во втората минута од судиското продолжение, тимот на Селта предмалку се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Џирона, кој што заврши со конечен резултат од 1:1.
Гостите регуларно си дојдоа во водство во првиот дел, поточно во 12. минута од мечот преку украинецот Ванат.
Се до последните секунди на мечот, гостите се надеваа на три бода, но не успеаа да ги освојат. Ветеранот Борха Иглесиас го спаси домаќинот од пораз погодувајќи кога беше најпотребно и поставувајќи ги конечните 1:1 и тоа од пенал.
Извор: vecer.mk