Секој родител го сака најдоброто за своето дете, но понекогаш ги правиме ОВИЕ ненамерни грешки

October 27, 2025
1 min read

Иако секој родител го сака најдоброто за своето дете, понекогаш ненамерните грешки во грижата може да придонесат – тоа почесто да се разболува, особено наесен.

Некои потези имено, наместо да го зајакнат здравјето на детето, имаат спротивно влијание. Тука спаѓа претоплување на малечкото, претерување со дезинфекција на површините, забрана за контакт со животни, забрана за игра на отворено и прибегнување кон антибиотици при првиот знак на настинка. Со еден збор – непотребно претерана грижа.

Родителите често немаат добро чувство како да облечат новороденче или бебе. Правилото е секогаш тоа да има еден слој повеќе од возрасниот. Ако, на пр., родителот носи блуза, детето носи две парчиња горна облека. Ако, пак носиме маица со кратки ракави – бебето носи речиси исто толку тенка блуза со долги ракави, или боди со долги ракави. За надвор, новороденчето се облекува исто како и за дома – но со јакничка, панталони и тенко ќебе. На постудени температури, обезбедуваме потопли – уште еден чифт чорапи и подебела јакна, како и шапка или лента за глава. Новороденчињата често имаат ладни раце и нозе, но не им е ладно. Причината за ова е што нивната циркулација на крвта е сè уште слабо развиена, пишува порталот „Кликс“.

Од друга страна, пак, говорејќи за малите деца, имајте предвид дека тие постојано се движат. Тие трчаат, играат и, следствено – повеќе се потат. Облечете го во неколку тенки слоеви, што потоа може да се прилагодат во зависност од временските услови.

Социјализацијата на децата со кучиња и други домашни миленици е корисна за здравјето на децата, открива истражување спроведено во Канада. Според наводите, изложеноста кај бремени жени и деца го зголемува присуството на два вида бактерии во цревата – поврзани со помал ризик од алергии и дебелина. Имено, присуството на кучиња и мачки го зајакнува имунолошкиот систем на детето.

Постојаната дезинфекција на просторијата и одржувањето на површините стерилни може да предизвика повеќе штета отколку корист за детето. Ова ќе го спречи воспоставувањето и зајакнувањето на имунолошкиот систем на детето, правејќи го поподложно на болести.

За да биде детето здраво и безгрижно, важно е и да минува доволно време на отворено. Тоа, освен што му помага да ги развие физичките способности, го одржува и психо-физичкото здравје на децата и ја развива неговата мисла, креативност и самодоверба. Некои родители се погрешно убедени дека на нивното дете му е потребен антибиотски третман при првиот знак на настинка. Најважно при настинка е редовно чистење на носот со физиолошки раствор и редовно вдишување. Физиолошкиот раствор ги опушта дишните патишта и ќе му овозможи на детето полесно да дише.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Врнежите добредојдени за земјоделството, времето поволно за сеидба на есенските култури

Следно

Трамп со порака до Ким Џонг Ун: Ако сака да се сретне со мене, ќе бидам во Јужна Кореја

Latest from Blog

Интервју на Ѓорѓиевски за МКД.мк: Мојата програма за Скопје е издржана и реална

Нема изговори и оправдувања за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа го предизвика ова, но мора да знае дека таквата одлука е безумие што ќе има последици. Зад ваков чин стои одговорност,

Зеленски: Санкциите од САД кон Русија не се доволни, потребни нѝ се ракети со долг дострел

Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Аксиос“ изјави дека новите американски санкции кон Русија ќе предизвикаат сериозна штета на руската воена машинерија, но и дека дополнително на Украина и се потребни ракети со

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот учестуваше на состанок на работна група на словенски малцинства

Претседателот на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) Хартмут Лајпнер Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок
Go toTop