Седум трендови во патувањата што ќе ја обележат 2026: Ништо од она што сте навикнале досега

January 9, 2026
2 mins read

Трендовите во патувањата се менуваат секоја година, но врз нив силно влијаат настаните во светот: глобалната несигурност, климатските промени, порастот на цените и брзиот начин на живот. Токму затоа Би-би-си направи преглед на трендовите за кои се проценува дека ќе доминираат во патувањата во текот на 2026 г.

Според податоците од некои водечки хотелски групации, туристички агенции и анализи на стручни лица, јасно е дека влегуваме во година на бегство од вревата и метежот, патувањата се испланирани со помош на вештачка интелигенција, но и се побавни, лични искуства со јасна цел. Иако прилагодувањето на овие трендови зависи од личната склоност, листата на Би-би-си нуди излобилство инспирација за патувањата во претстојната година.

Уживање во тишина

Еден од доминантните одмори ќе биде одморањето во тишина. Суштината е да се одморите на удобно место кое нуди мир и бегство од стресот на современиот живот. Посебен акцент е ставен на исклучувањето од дигиталната култура која непрекинато нè бомбардира со информации преку телефоните и другите уреди.

Се појавија туристички оператори кои нудат патувања со дигитален детокс и враќање на „аналогниот“ начин на живот. Исцрпеноста предизвикана од современиот живот станува сè почест проблем, а потребата за успорување е сè поизразена.

Планирање на одмор со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција сè повеќе влегува во светот на патувањата. Истражувањата покажуваат дека сè повеќе патници користат алатки на вештачката интелигенција за планирање на одморот и резервации за сместување и превоз. Големите платформи како Expedia и Booking.com веќе интегрираат алатки како ChatGPT со што значително го олеснуваат организирањето на патувањето.

Иако ова делумно е во спротивност со трендот дигитално повлекување, ваквото планирање ја намалува потребата од посредници, што не им оди во прилог на класичните туристички агенции. Сепак, постојат и мани: алгоритмите честопати поттикнуваат прекумерен туризам насочувајќи ги патниците на најпопуларните дестинации, а расте и ризикот од измами.

Доверба и препораки

Многу патници сакаат некој друг да носи одлуки наместо нив. Делумно поради комфорот, а и од желба да го избегнат стресот и ризикот, гостите сè повеќе се одлучуваат за патувања со што помалку лични одлуки. Тоа е поврзано со финансиите, но и со желбата за изненадување.

„Тајните“ патувања, како мистериозни крстарења или авантури во непознати дестинации, стануваат сè повеќе популарни, а за нив е клучна довербата во креаторот на патувањето.

Патување со возило наместо со авион

Според Би-би-си и најавите на хотелската групација Хилтон, 2026 г би можела да донесе пораст на патувањата со автомобил. Хаштаг-от #RoadTrip собра речиси 6 милиони објави, бидејќи патниците повторно ја открија магијата на отворениот пат. Додека некои овој тренд го поврзуваат со луксузот и достапноста на врвни ресторани и хотели, повеќето го избираат заради заштеда.

Околу 60% од Британците изјавиле дека попрво би патувале со возило за да ги намалат трошоците. Иако трендот е изразен во САД, Европа нуди огромен потенцијал, бидејќи тешко може да се замисли посетата на некои италијански гратчиња без возење од едно до друго.

Персонализирање наместо „конфекција“

Туристичката индустрија сè повеќе се осврнува на индивидуализирање, т.е. планирање на патувања прилагодени на возраста, интересите и моменталните животни потреби на патниците. Без оглед дали целта е одмор од прекувремена работа, закрепнување по тежок период или негување на хоби, патувањата сè почесто се кројат по мерка.

Потрага по нови дестинации

Сè повеќе лица ги избегнуваат пренатрпаните, суперпопуларни дестинации кои често не ги исполнуваат ветувањата од рекламните брошури. Наместо тоа, избираат помалку познати дестинации, па расте и нивната цена: Толедо наместо Барселона, Бордо наместо Париз, па дури и егзотичните дестинации, како Ирак, за најголемите авантуристи.

Хилтон овој тренд го поврзува со љубопитноста, желбата за истражување и личен развој.

Културата пред хедонизмот

Иако музеите и историските локалитети отсекогаш биле дел од патувањата, новиот тренд оди чекор подалеку. Сè попопуларни стануваат посетите на места поврзани со книги, филмови и ТВ серии, т.н set-jetting.

Овој култен мотив често го надминува интересот за ноќен живот и хедонистичка забава. Најнови примери се Корнвол, каде се снима новата серија за Хари Потер, како и Грција, како локација за новата адаптација на „Одисеја“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џенифер Гарнер прв пат јавно проговори за разводот од Бен Афлек

Следно

Денес го славиме Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Latest from Blog

Меџити од Долна Баница: Време е за конкретни дела, не за зборови

Вечерва во Долна Баница се почувствува силна поддршка од граѓаните за кандидатурата на Невзат Бејта. Без големи зборови и политички театри, жителите изразија јасна и цврста убеденост дека општината има потреба од

Последен извештај од 20:30 часот: Сообраќај во зимски услови, сите патишта се проодни

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Слаби врнежи oд снег има на Попова Шапка, а во Македонски Брод, Крушево и Ресен има слаби врнежи од снег

Меџити: Чегране гласа за напредок: поддршка за Невзат Бејта

Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, изрази поддршка за кандидатурата на Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар. На вчерашниот средба со жителите на Чегране, Меџити

Нов закон за пушење: Забрана за пушење во автомобил во присуство на дете, но забранети ќе бидат и електронските

Се подготвува нов закон за заштита од пушењето, со кој се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари, но и воопшто кон тутунските производи, објави денеска ТВ Телма. Според нацрт-законот
Go toTop