Седница на Уставен суд

February 22, 2023
1 min read

Уставниот суд на денешната седница ќе расправа по четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права.

На дневен ред e иницијативата поднесена на член 110 од Законот за Јавното обвинителство од страна на Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.

Во иницијативата се наведува дека легализирањето на незаконски прислушуваните разговори, селективно извадени од Обвинителството од содржината на стотиците илјади незаконски прислушувани разговори во период од осум години, претставува груба повреда на правото на приватност и е во спротивност со критериумот „Неопходност во услови на демократско општество“ на кој упатува став 2 од Амандманот XIX на Уставот, затоа што не постоела пропорционалност со легитимната цел која требало да се постигне.

На седницата ќе се расправа и по иницијативата поднесена на член 101 став 1 алинеја 4 во делот „на овој член“ од Законот за прекршоците. Според подносителот на иницијативата Игорчо Точев, делот „на овој член“ од алинеја 4 на став 1 од оспорената одредба, можело да доведе до заблуда во примената.

Пред судиите ќе се најде и иницијативата поднесена на член 1 став 1 во делот: „(3) и (4)“ од Законот за дополнување на Законот за јавно здравје, исто така поднесена од Игорчо Точев. Oспорената одредба, според иницијаторот, била во спротивност со начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок со образложение дека во правниот промет мора да постојат јасни, прецизни и концизни норми.

На дневен ред се и оспорени акти, односно Решение на Основниот граѓански суд Скопје и Решение на Апелациониот суд Скопје. Подносител на иницијативата Ивана Талевска-Трендафилова како причини за оспорување на првостепеното решение наведува дека и покрај тоа што доверителот во судската постапка доставил докази за живеалиштето на должникот, судот истите ги цитирал, но не ги ценел, со што не го применувал член 137 од Законот за парнична постапка, а во однос на Решението на Апелациониот суд Скопје со кое се потврдува Решението на првостепениот суд, подносителот на иницијативата наведува дека судиите на Апелациониот суд Скопје утврдиле поинаква фактичка состојба.

На седницата ќе се расправа и барањето поднесено од Анита Галевски преку адвокат Кирил Михајловски. Подносителката на барањето смета дека е дискриминирана по политичка основа, бидејќи е второрангирана на конкурс за вработување како фармацевтски техничар при ЈЗУ Клиничка болница Битола, на чијшто оглас бил избран шесторангиран кандидат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ: Русија да ги почитува обврските од СТАРТ

Следно

Таа и понатаму тврди дека е исчезнатата Медлин од 2007 година која ги потресе сите – се огласи и приватниот детектив, целиот свет не верува што чита! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Објавени се првите номинации за Оскар

Овие листи ги претставуваат филмовите што го поминале првиот круг на селекција и од кои ќе бидат избрани конечните номинирани, објави Варајети. Главни фаворити: Најголеми успеси постигнаа „Грешници“ на Рајан Куглер и

Поларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите

Светските нивоа на морскиот мраз паднаа на рекордно ниско ниво, а загревањето на планетата го подигна нивото на морето. Овие промени ги загрозуваат поларните мечки, кои живеат и ловат на сè помали

Реал на прагот на нов трансфер: Доаѓа бразилското чудо од дете за 50 милиони евра?

Фото:instagram.com/rayann Реал Мадрид, се чини, реши да ја претекне конкуренцијата и да го обезбеди потписот на еден од најбараните млади фудбалери на денешницата. „Кралскиот клуб“ наводно подготвува понуда од 50 милиони евра

Изгласан Законот за средно полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка
Go toTop