Се утврдуваат причините за пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир

October 28, 2024
1 min read

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

– Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот.

Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.

Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Партијата на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, но ќе му требаат коалициски партнери за формирање на Влада

Следно

Денес е Светски на анимираниот филм, првиот бил направен пред 32.000 години

Latest from Blog

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а

Божиновска: Македонскиот рубин добива институционална заштита

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна процес за официјална заштита на македонскиот рубин, соопшти министерката Сања Божиновска. На првиот состанок меѓу Министерството, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост беа
Go toTop