Се празнуваат Светите маченици Сергиј и Вакх

October 20, 2025
1 min read

Светите маченици Сергиј и Вакх

Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста и верноста. Но кога слушна царот дека овие негови двајца достоинственици се христијани, ја измени својата љубов кон нив во гнев. И еднаш кога имаше големо жртвопринесување на идолите, царот ги повика Сергиј и Вакх заедно со него да им принесат жртви, но тие отворено му откажаа послушност во тоа.

Надвор од себеси од јарост, царот нареди и им ја соблекоа војничката облека, ги облекоа во женски фустани; уште им ставија и железни обрачи на вратот и така ги водеа по улиците на градот Рим за потсмев на сите и на секого.

Потоа царот ги испрати во Азија, кај својот намесник Антиох, заради мачење. А овој Антиох се имаше издигнато на својата положба со помош на Сергиј и Вакх, коишто во свое време го препорачаа кај царот. Кога тој почна да ги советува да се одречат од Христа за да се спасат себеси од бесчестење, маки и смрт, овие свети луѓе му одговорија: „И чест и бесчестење и живот и смрт – с ? му е исто на оној што го бара Царството Небесно.“ Антиох ги фрли Сергиј и Вакх во затвор и нареди првин да го мачат Вакх. Слугите се менуваа еден по друг тепајќи го светиот, с ? додека не му го здробија телото. Од здробеното раскрвавено тело на Св. Вакх излезе неговата душа носена од ангелските раце пред Господа.

Тој пострада во градот Варвалис. Тогаш беше изведен Св. Сергиј, когошто го обуја во железни опинци начичкани со клинци и така го туркаа до градот Росаф во Сирија, каде што го убија со меч. Пострадаа и примија венци на бесмртна слава околу 309 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Интервјуирање кандидати за судија во ЕСЧП во Стразбур

Следно

Граната го погодила обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на вежба во Калифорнија

Latest from Blog

Лувр повторно отворен еден ден по грабежот, дел од музејот останува затворен

Најголемиот музеј во светот, Лувр во Париз, денес ги отвори вратите за посетителите, еден ден по грабежот во кој беше украден скапоцен кралски накит, изјави прес-службата на музејот за француската телевизија BFMTV.

Бела пилешка чорба

Ако барате топло, кремасто јадење што ќе ве стопли во студените денови или веќе од првиот залак ќе ве потсети на домашната кујна – белата пилешка чорба е вистинскиот избор. Комбинацијата од

Четири родителски навики кои може да ја уништат самодовербата и отпорноста на децата

Ова се некои од родителските начини на кои родителите реагираат на детските грешки и емоции, и долгорочно ја обликуваат нивната самодоверба. 1. Преголема заштита Кога родителите се обидуваат да спречат секоја можна
Go toTop