Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

March 26, 2026
2 mins read

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до властите во Техеран, нагласувајќи дека дипломатијата отстапува пред воената сила со цел трајно неутрализирање на иранската закана.

Операцијата, која се нарекува „Финален удар“, предвидува четири клучни стратешки опции.

Првата и најнепосредна е воспоставување целосна контрола врз Ормускиот Теснец преку окупација на стратешките острови Ларак и Абу Муса. Втората опција вклучува заземање на островот Харг, кој е главен центар за извоз на иранска нафта, со што економијата на земјата би била целосно парализирана.

Секретарот за одбрана Пит Хегсет беше дециден во својот настап: „Ние преговараме со бомби. Имате избор, додека нашите сили крстосуваат над Техеран, сами да одлучите за вашата иднина. Нашата мисија е јасна – уништување на офанзивните ракети, капацитетите за нивно производство и клучната безбедносна инфраструктура.“

Најопасните сценарија кои се разгледуваат во Пентагон вклучуваат и копнени упади во внатрешноста на Иран. Целта на овие високоризични мисии би била обезбедување на иранските нуклеарни постројки и залихите на збогатен ураниум, за да се спречи режимот да употреби „валкана бомба“ како последен чин на очај.

Хегсет порача дека САД нема да запрат додека не се исполнат целите: „Иранците никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Оваа администрација нема да дозволи закани кон нашите сојузници и нашиот народ. Силата е единствениот јазик што овој режим го разбира.“

Додека елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија е веќе во состојба на целосна подготвеност за распоредување, светот со неизвесност очекува дали ова ќе биде воведот во најголемиот воен судир на Блискиот Исток во овој век. Дивизјата коај е најавена, и наскоро ќе пристигне на терен, се претежно падобранци и се нарекува „Сила за итен одговор“ на дивизијата, ротационен статус на должност што гарантира дека една од бригадите од 3.000 војници на дивизијата е подготвена да лета насекаде во светот со известување за помалку од еден ден однапред.

За нејзина поддршка најавени се околу 2.5000 воници, специјалци од морнарицата.

Иран има над 90 милиони жители, а во Техеран живета повеќе од десет милиони граѓани.

Иранските вооружени сили имаат околу 600.000 активни војници според податоци од 2026 година, вклучувајќи ја редовната армија (Артеш) и Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), целосно лојална на верските власти, која брои околу 150.000 елитни воени припадници кои според опременоста и военото искуство на повеќе фронтови и се сметаат за најопасна воена формација на Блискиот исток, на ниво нан специјланите единици на Турција. 

Каков е планот од 5.000 а потоа до 20.000 американскии специјалци да влезат во Техеран и да ја соборат власта, патем успевајќи да го земат целокупниот нуклеарен материјал на Иран – не е обајснето од амеркинаксиот министер (секретар ) Хегсет.

Тајмс објави дека во вторник, анкета на Ројтерс/Ипсос покажа дека 61% од испитаниците не ги одобруваат нападите на САД врз Иран. Слично на тоа, 61% не го одобруваат работењето на Доналд Трамп како претседател.

Анкетата која ја објави Ипсос покажува дека јавната поддршка за распоредување на американски трупи, војници во Иран, е поразителна за плановите на министерот Пит Хегсет: Само 7% би поддржале распоредување на голем број копнени трупи во Иран за голема копнена операција; поголем дел (34%) би поддржале распоредување на мал број специјални сили за целни операции. Мнозинството Американци (55%) велат дека не би поддржале распоредување на трупи од страна на САД во Иран во никој склучај.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Mickoski: Përpiqem ta mësoj dhe studioj gjuhën shqipe

Latest from Blog

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop