СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

April 23, 2026
1 min read

Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш.

„Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш.

Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со македонско државјанство, се уште една измама на власта“, велат од СДСМ.

„Затоа што според нивниот предлог, овие измени би важеле дури од наредниот парламентарен состав, а не за актуелните пратеници.

Очигледно е дека целта е да се заштитат актуелните пратеници и министри на ВМРО-ОКГ кои имаат и други државјанства.

Ова е нечесно, лицемерно и спротивно на принципите на еднаквост и одговорност.

СДСМ ја разобличува оваа манипулација и презема конкретни чекори, освен Законот за влада ќе поднесеме и амандмани на предлогот на ВМРО да важи веднаш.

Двојно државјанство нема да има пратеник ниту избран и именуван функционер, и тоа да важи веднаш“, соопшти СДСМ.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флик: Голема штета, се надевам дека повредата на Јамал не е сериозна

Следно

Вински фестивал во Битола: Три дена вино, музика и добра атмосфера

Latest from Blog

Четворицата кандидати за прв човек на ОН во своите излагања го ставија мирот на прво место

Претендентите за функцијата генерален секретар на ОН неделава се заложија за организација која е поангажирана во мировните напори, но истовремено избегнуваа цврсти ставови за тековните кризи кои би можеле да ги вознемират

Шефот на украинската дипломатија воспостави контакт со идната унгарска министерка Анита Орбан

 Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, изјави дека воспоставил контакт со идната унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, нагласувајќи ја подготвеноста на Киев за „нова страница“ во односите со
Go toTop