САЕМOT НА КНИГА ПОЧНУВА ДЕНЕС И ЌЕ ТРАЕ ДО 10 МАЈ, ЈСП УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛО ДАЛИ ЌЕ ПУШТИ ЛИНИЈА ДО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

May 4, 2023
1 min read

Над 60 издавачи од Македонија, Србија, Албанија и Косовo ќе се претстават на 35. издание на Саемот на книгата, кој ќе се одржува од денес до 10 мај во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот е отворен за посетители од денес од 10 часот, а официјалното отворање е вечерва во 18 часот.

Ценатa на билет е 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влез на арената и онлајн преку „карти.ком.мк“. Саемот е отворен од 10 до 20 часот.

Организаторите вчера рекоа дека сѐ уште чекаат одговор од ЈСП „Скопје“ дали како и изминативе години ќе има автобуска линија до „Борис Трајковски“.

„Ако минатата година Саемот на книга го посетија само 24 илјади посетители, годинава се очекуваат 30 илјади посетители. Она што успеавме да го направиме годинава и што ќе биде веројатно позитивно изненадување за љубителите на книга е тоа што и техничкиот дел на арената е подготвен така да биде претставен како вистинско саемско доживување, што значи нема да бидат видливи седиштата или оној дел од салата кој е наменет за други настани, туку ќе бидат прилагодени“, вели Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем.

Една од главните цели на годинашното јубилејно издание на Саемот е одбележувањето на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот. Така, утре во 12 часот, ќе биде организирана трибина во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по повод Денот на македонскиот јазик.

Ќе има и околу 60 настани, како промоции на нови книги во официјалниот Промотивен центар во Арената, едукативни работилници и цртање за децата, како и средби со автори и потпишување книги. „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ е годинашното мото.

 

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Клоп: Чиста мрежа за Ливерпул е реткост оваа сезона

Следно

Украина: 21 лице загинаа во руските напади во Херсон

Latest from Blog

Македонската заедница во Албанија ја тужи Владата поради мигрантските центри во Пустец

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во

Со 4,67 милиони евра ќе се реконструира ученичкиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп

Ќе се реконструира Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција на училишни домови во државата. За таа намена се обезбедени 4.672.878 евра, со кои е предвидена

„Трагач за бомби“ пристигна во Британија – СВЕТОТ СТРАВУВА ПРЕД МОЖЕН КОНФЛИКТ (ФОТО)

Авионот на американските воздухопловни сили, познат по прекарот „нуклеарен трагач“, слета во Велика Британија во услови на растечки тензии со иранскиот режим, пишува The Telegraph. Пристигнувањето на специјализираниот авион WC-135R Constant Phoenix

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен
Go toTop