САД: Жителите на Флорида се враќаат во своите домови по ураганот Милтон

October 13, 2024
1 min read

ФОРТ ПИРС (АА) – Жителите кои се евакуираа пред ураганот Милтон да стигне до копното како ураган од трета категорија во подрачјето на Сиеста Ки на Флорида, во Соединетите Американски Држави, почнаа да се враќаат во своите домови, јавува Анадолу.

Погодените од ураганот добија залихи во храна и други потреби во црквата Лејквуд Парк додека надлежните сè уште работат на санирање на електричната мрежа во областа.

Активностите за пребарување и спасување на Флорида продолжуваат, каде што загинаа најмалку 14 лица.

Властите соопштија дека летовите на аеродромите во сојузната држава ќе продолжат во петок наутро.

Според последните податоци, во ураганот Милтон загинати се најмалку 17 лица, од кои пет во торнадата што го погодија округот Сент Луси, на источниот брег на Флорида.

Ураганот Милтон дојде по ураганот Хелен, кој неодамна ја погоди Флорида, во кој загинаа 227 лица.

Пристигнувајќи на копното како ураган од трета категорија, Милтон донесе досега невидени количини на дожд низ делови од Заливот Тампа.

Многу климатски научници и метеоролози рекоа дека условите на глобалното затоплување ќе резултираат со повеќе урагани како Милтон, што ќе го направи она што некогаш беше чудна појава, факт за животот на сѐ потоплата планета.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација

Следно

Злато и сребро за македонските натпреварувачи на џуи џицу Меѓународен турнир во БиХ

Latest from Blog

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Кинеските кина почнаа со прикажување филмови, наменето за посетители со домашни миленици, претворајќи го традиционалното кино-доживување во нов начин на заедничка забава. Салите се прилагодени за престој на кучиња и мачки, со

Јаневска: Образованието е заедничка општествена одговорност

Министерството за образование и наука и другите институции и образовни установи добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Убедена сум дека така и треба да биде,

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат
Go toTop