САД ја поддржуваат енергетската независност на Македонија, порака од средбата Божиновска–Варнс

July 29, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс.

Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор.

Потенцирајќи ја важноста на стратешките проекти во енергетиката, вршителката на должност амбасадор на САД, Варнс ги истакна напорите на министерката Божиновска и Министерството насочени кон енергетска независност на земјата, кои, како што беше посочено, се клучни за создавање услови за стабилна и просперитетна држава.

Министерката Божиновска на средбата информираше за текот на градежните работи во врска со изведбата на гасниот интерконектор со Грција, коешто се очекува да финишира во текот на 2027 година, а беше дискутирано и за гасното поврзување со Србија, коешто се одвива со забрзана динамика.

Овие два проекти министерката ги оцени како стратешки, нагласувајќи дека тие ќе ја променат енергетската слика во регионот. Дополнително, тема на разговор беше и официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор во септември, коешто е една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа со што се обезбедува стабилна позиционираност на нашата земја во глобални рамки.

„Инвестицијата во енергетиката е инвестиција во иднината. Работиме забрзано на реализација на енергетските проекти, но и на обврските согласно Реформската агенда. Се поврзуваме енергетски со регионот, а со тоа и со светот. Придобивките од проектите на коишто работиме ќе бидат видливи и опипливи, во корист на граѓаните и државата“, порача министерката Божиновска на состанокот.

На средбата беше потенцирана и важноста на Стратешкото партнерство меѓу  двете земји, со истакнување на заложбите за понатамошно продлабочување на взаемната соработка, како и заедничките напори за промоција на демократските вредности.

 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пад на МБИ10 и мирен ден на Македонската берза – промет од 4,45 милиони денари

Latest from Blog

Пад на МБИ10 и мирен ден на Македонската берза – промет од 4,45 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.07.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.357,24 поени. Во

Сите да одговорат за 53 дена: Инфантино ги „поткупува“ Федерациите со по 40 милиони долари?!

фото: Football on TNT Sports @footballontnt (X) Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино им нуди на земјите-членки на ФИФА дел од приходите од продажбата на нивниот дел од правата за Светското првенство, идеја

ЌЕ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ: Еден од водечките луѓе на Телеграм бара државјанство на БиХ

На утрешната седница, Советот на министри на БиХ треба да го разгледа барањето за доделување државјанство на Илија Перекопски, руски бизнисмен и еден од луѓето поврзани со основањето на Телеграм и социјалната

Запленети 5.000 штеки цигари на Богородица – српски државјанин приведен за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на голема количина цигари, при што беа запленети 5.000 штеки без акцизни маркички, чија проценета вредност изнесува околу девет милиони денари. Во

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е
Go toTop