САД ги нападнаа иранските радари откако соборија беспилотни летала над Ормуз

June 6, 2026
1 min read

Американските сили денес ги нападнаа иранските крајбрежни радарски системи откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот теснец, соопшти американската војска, во најновата ескалација што дополнително ги комплицира напорите за завршување на војната меѓу двете земји.

Американската војска верува дека четирите ирански беспилотни летала биле насочени кон поморскиот сообраќај во регионот, изјави американски функционер за Ројтерс. Американската централна команда (CENTCOM) објави на социјалната мрежа X дека потоа биле извршени напади врз иранските надзорни позиции во Горук и на островот Кешм, кои се наоѓаат долж Ормутскиот теснец.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека како одговор на американските напади, испукала ракети кон американските бази во регионот и отворила оган врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ теснецот без нејзина дозвола.

Кувајската воздушна одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала од непознато потекло, објавија државните медиуми, додека сирените се огласиле во Бахреин и на жителите им било наредено да побараат засолниште.

Иран тврди дека ги погодил американските бази во двете земји со балистички ракети, но американската војска вели дека шест ракети биле пресретнати, додека седмата ја промашила целта.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неделен преглед на Македонската берза: Над 91 милион денари промет за пет дена

Следно

Баерн влегува во војна со Реал: Ни за 150 милиони евра нема да го добиете!

Latest from Blog

Неделен преглед на Македонската берза: Над 91 милион денари промет за пет дена

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 01.06.2026 до 05.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазари во редовното тргување изнесуваше 91.670.312,92 денари.

Во Тирана започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Фото: Македонско друштво “Илинден“-Тирана Во Тирана денска започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со Македонско друштво

ФИФА објави радикална промена на химните пред мечевите од Светското првенство

ФОТО: FIFA.COM ФИФА објави радикална промена за претстојното Светско првенство во 2026 година. Сите 26 играчи од секоја репрезентација на Светското првенство ќе бидат на теренот за време на националните химни. На
Go toTop