Во Тирана започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

June 6, 2026
1 min read

Фото: Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Во Тирана денска започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, за прв пат во Тирана e организатор на Семинарot на словенските малциства во Европа со учесници од 20 организации, 40 преставници. Посебна чест претставува да се биде домаќин на пријатели и соработници од 11 држави: Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија и Словачка.

На свечено отворање се обрати, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и д-р Хартмут Лајпнер, Претседател на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) и потпреседател на Федералната унија на европски националности (ФУЕН).

Потоа, работата продолжи со тематски презентациски панел „Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија“ и изложба на тема „Образование на мајчин македонски јазик во Република Албанија“.

Овогодинешниот Семинар се фокусира на состојбата на македонско национално малцинство во Република Албанија, се одржува од денска до 7 јуни во Тирана, Република Албанија.

На семинарот учествуваат, д-р Хартмут Лајпнер, Претседател на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) и потпреседател на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), г-ѓа Гента Тафа (Бунго) – Комесар за заштита од дискриминација во Албанија, г-ѓа Етлева Будини, пратеник во албанскиот парламент за округот Драч, Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец, проф.д-р. Кимет Фетаху, почесен претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, г-дин Дејан Чулафиќ, предавач на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ Скадар, г-ѓа Ентела Бињаку, директорка на „Хариет Мартино“, од влашкото малцинство во Албанија, Гентиан Сејрани, извршен директор на НВО „За социјална правда“од Еѓиптианско малцинство во Албанија, Ервин Никола, новинар, преставник на македонското малцинство во Албанија

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана од 16 мај 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенски малцинства (АГСМ).

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 14.500 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит

Следно

Неделен преглед на Македонската берза: Над 91 милион денари промет за пет дена

Latest from Blog

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Петгодишно дете успеало да избега од куќата на ужасот: Живеело во фекалии, влечел кебе натопено во урина

Голо 5-годишно момче од Пенсилванија храбро избегало од дом каде што го поминало поголемиот дел од времето заклучено во соба покриена со измет, претворена во импровизирана затворска ќелија, додека неговите тројца старатели

Силно невреме ја погоди Битола – улиците под вода

Силно невреме проследено со пороен дожд вечерва ја зафати Битола, при што повеќе улици низ градот беа поплавени, а сообраќајот на одредени локации беше значително отежнат. Според објавените видеоснимки, големи количини вода

Аргентина со нов уникатен рекорд: 13 натпревари на Мундијалите со два или повеќе гола!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Финалистот на ова Светско првенство, селекцијата на Аргентина, ја продолжи својата рекордна серија на натпревари со постигнати два или повеќе гола на Светските првенства. Во полуфиналето
Go toTop