САД: Едно лице загина, 23 се спасени од туристички рудник за злато во сојузната држава Колорадо

October 11, 2024
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Едно лице загина во туристички рудник за злато во американската сојузна држава Колорадо вчера по очигледна неисправност на лифтот, а во окното на рудникот оставени беа дваесетина луѓе заглавени 304 метри под земја, пренесува Анадолу.

Туристите кои беа од други држави, се спуштија во рудникот Моли Кетлин во Крипл Крик, на околу 183 километри јужно од Денвер, кога опремата на лифтот престана да работи, заглавувајќи ги на дното на окното на рудникот.

Смртта на едното лице „беше трагична несреќа“, изјави за новинарите шерифот на округот Телер Џејсон Микесел на прес-конференција.

„Несреќи се случуваат кога се работи со ваква машинерија“, рече Мајксел за дефектот на лифтот.

Останатите 23 лица блокирани во рудникот беа спасени од екипи за итни случаи, а неколку од посетителите се пожалија дека претрпеле полесни повреди, вклучително и болки во вратот и грбот. Одделот на шерифот сѐ уште не ја откри причината за смртта на лицето.

Мајксел рече дека неговиот оддел ќе спроведе целосна истрага за да открие што точно се случило. Во моментов работат на контактирање на семејството на починатото лице за да го известат за несреќата.

Првично, 11 лица, меѓу кои и две деца, се спасени од околу половина пат низ окното на рудникот, на околу 152 метри. Другите 12 лица останаа заглавени на дното додека спасувачките екипи не се вратија по нив околу шест часа подоцна. Тие добија пица, вода и ќебиња и цело време беа во комуникација со одговорните додека не беа извадени од дното на рудникот, според официјалните лица за итни случаи.

Останатите 12 „беа извлечени многу безбедно“, рече Мајксел.

Последен пат ваков инцидент се случил пред речиси 40 години, во 1986 година, според официјалните лица за итни случаи. Неколку луѓе останаа заробени, а потоа спасени од окното на рудникот, но во таа ситуација никој не загина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Следно

Јаник Синер до крајот на годината ќе остане светски рекет број еден

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop