Рускиот амбасадор повикан на разговор во Стејт департментот, Белата куќа не се откажува од операциите над Црното Море

March 14, 2023
1 min read

Ако пораката е дека сакаат да не одвратат од летање и дејствување во меѓународниот воздушен простор над Црното Море, тогаш таа порака нема да успее бидејќи нема да се случи. Ќе продолжиме да летаме и оперираме во меѓународниот воздушен простор над меѓународните води, велат од Советот за национална безбедност

Стејт департментот соопшти дека САД го повикале на разговор рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.

„Работиме директно со Русите, повторно на највисоко ниво, за да ги пренесеме нашите силни приговори за ова небезбедно, непрофесионално пресретнување што предизвика соборување на американско беспилотно летало“,

изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Прајс нагласи дека овој инцидент е јасно кршење на меѓународното право.

Белата куќа објави дека САД ќе ги продолжат операциите над Црното Море и нема да бидат спречени од руското пресретнување на беспилотно летало во меѓународниот воздушен простор.

„Ако пораката е дека сакаат да не одвратат од летање и дејствување во меѓународниот воздушен простор над Црното Море, тогаш таа порака нема да успее бидејќи нема да се случи. Ќе продолжиме да летаме и оперираме во меѓународниот воздушен простор над меѓународните води. Црното Море не припаѓа на ниту еден народ. И ќе продолжиме да го правиме она што треба да го направиме за нашите национални безбедносни интереси во тој дел од светот“,

изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

По уривањето на американското беспилотно летало во Црното Море во Пентагон се одржа брифинг на кој бригадниот генерал Патрик Рајдер потврди дека американската војска морала да го урне дронот поради штетата што ја претрпел кога бил пресретнат од руски авиони.

Рајдер рече дека официјални лица од американското Министерство за одбрана сè уште не разговарале со руски претставници за инцидентот.

Рајдер, на брифингот, посочи дека нема да навлегува во тоа дали авионот бил вооружен или не.

„Тој вршеше мисија за разузнавање, надзор и извидување во меѓународниот воздушен простор. Пресретнувањата не се толку вообичаени, но ваквото однесување на руските пилоти е невообичаено“,

рече тој.

Одговарајќи на прашање од новинарите дали овој инцидент е несреќен случај, Рајдер вели: „Продолжуваме да проценуваме што точно се случило“.

Тој додава дека врз основа на она што го виделе САД, акциите на Русија биле „небезбедни“ и „непрофесионални“.

„Мислам дека постапките зборуваат сами за себе“,

вели тој.

Тој додаде дека не знаел за каква било радио комуникација меѓу руски и американски претставници во моментот на инцидентот.

Рајдер повтори дека рускиот авион фрлил гориво на „MQ-9“ и се приближил доволно со што го оштетил американскиот дрон.

Рајдер не ја посочува точната локација на инцидентот, само наведува дека се случил над Црното Море.

Тој, исто така, не дава детали за тоа каде слетале руските авиони.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер регистриран кај Крит

Следно

Студентски отпор најавува секојдневни блокади на цело Скопје: МОН ги принудува студентите повторно со протести да си ги бараат правата

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop