Манчестер Сити ја доби првата битка за титулата со Арсенал во Англија. Тимот на Манчестер стана шампион во женска конкуренција откако Арсенал одигра нерешено 1-1 со Брајтон.
Сити победи на 17 од своите 21 лигашки натпревари во првата сезона под водство на Андре Јеглерц, кој беше назначен за постојан наследник на Гарет Тејлор во летото 2025 година.
Со ова „небесно – сините“ ја прекинаа серијата на Челзи од шест последователни лигашки титули.
Ова е втората титула на Сити во Женската Супер лига по онаа во 2016 година. Челзи заврши прв во осум од деветте години оттогаш. Шампионките имаат најсилен напад во лигата, постигнувајќи 58 гола на 21 натпревар. Во последното коло од шампионатот, Манчестер Сити гостува кај Вест Хем.
WSL CHAMPIONS! 🏆🩵 pic.twitter.com/eUvgyEAA0Z
— Manchester City Women (@ManCityWomen) May 6, 2026
Извор: vecer.mk

