Руски воз излетал од шините по експлозија во близина на границата со Украина

May 1, 2023
1 min read

Според извештаите на руските железници, локомотивата и седум вагони натоварени со нафтени деривати и дрва излетале од шините, а причината за инцидентот ја нарекоа „интервенција на неовластени лица“

Товарен воз излета од шините во близина на границата со Украина како резултат на експлозија што се случи на околу 60 километри северно од границата, недалеку од градот Брјанск, соопштија руските регионални власти.

Фото: Телеграм

Регионалниот гувернер Александар Богомаз информира дека во експлозијата која се случила во 10:17 часот по локално време нема жртви. Според извештаите на руските железници, локомотивата и седум вагони натоварени со нафтени деривати и дрва излетале од шините, а причината за инцидентот ја нарекоа „интервенција на неовластени лица“. Поради инцидентот, сообраќајот во областа беше запрен.

Од почетокот на руската инвазија на Украина минатата година, имаше неколку извештаи за детонации на железничките пруги во регионот. Во октомври минатата година се случи експлозија на делот меѓу станиците Новозибков и Злинка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент во Скопје: Сообраќајка заврши со физичка пресметка и пуќање

Следно

Лајчак: Утрешниот состанок со Вучиќ и Курти во Брисел е исклучително важен

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop