Руски авиони накратко влегле во воздушниот простор на Литванија

October 24, 2025
1 min read

Руски воени авиони синоќа накратко го нарушија воздушниот простор на Литванија, објави претседателот на земјата, Гитанас Науседа, нарекувајќи го инцидентот јасно кршење на територијалниот интегритет на земјата членка на ЕУ и НАТО.


„Ова е јасно кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Литванија “, напиша Науседа на мрежата X, објави АП.

Министерството за надворешни работи на Литванија планира да ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус за да изразат протест поради инцидентот.


Литванските вооружени сили наведуваат дека два руски воени авиони – Су-30 и Ил-78, влегле во литванскиот воздушен простор на околу 700 метри околу 18:00 часот по локално време и го напуштиле по околу 18 секунди.

Се верува дека авионите изведувале вежби за полнење гориво во руската енклава Калининград. Два шпански борбени авиони, дел од мисијата на воздушната полиција на НАТО, веднаш полетале и интервенирале.


Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Литванија, и кажаа дека авионите летале над Калининград во согласност со правилата и не ги прекршиле границите на другите држави.

Фото: Архива


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Овие 3 ситуации во домот покажуваат дека му се ближи крајот на бракот: Проблеми што не се ни забележуваат

Следно

Македонски Концепт со цврста поддршка за Орце Ѓорѓиевски: време е за стабилно и одговорно Скопје

Latest from Blog

Припаднички на австралиската армија поднесоа тужба против Владата поради сексуално вознемирување

Жените кои служат во австралиските вооружени сили поведоа колективна тужба против Владата на Австралија во име на сите припаднички на вооружените сили кои биле подложени на сексуален напад, широко распространето вознемирување и

Мицотакис: Во моментов не се исполнети неопходните предуслови за учество на Турција во програмата САФЕ

 Ставот дека Турција во овој момент не ги исполнува предусловите за учество во програмата САФЕ на ЕУ за финансирање на одбранбени проекти, го повтори грчкиот премиер Киријакос Мицотакис доцна синоќа на прес-конференцијата
Go toTop