Русија во текот на ноќта лансирала 136 дронови на Киев и другите украински региони

October 16, 2024
1 min read

Русија во текот на ноќта изврши серија напади со беспилотни летала и ракети кон Киев и другите украински градови, предизвикувајќи пожар во индустриска постројка во западниот украински регион Тернопил, соопштија утринава украинските власти.

Во текот на ноќта, Русија лансираше кон Украина 136 беспилотни летала и три проектила, а украинската противвоздушна одбрана уништи многу, јавија украинските воздухопловни сили на Телеграм.

Поголемиот дел од Украина утринава беше под тревога за воздушен напад. Воздухопловните сили соопштија дека Русија ги лансирала беспилотните летала во неколку бранови и во различни насоки.

Пожарот од големи размери во регионот Тернопил е изгаснат, соопшти воената администрација на регионот на Телеграм, додавајќи дека во нападот „нема повредени“.

Шеф на воената администрација на Киев, Серхи Попко, утринава преку каналот Телеграм изјави дека се уништени сите дронови што го нападнаа Киев во текот на ноќта и дека засега нема извештаи за штета или повредени, иако постои ризик од нов напад. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите, етнички и национали теми не се мој приоритет

Следно

Попис во Црна Гора: 42 отсто Црногорци, 33 отсто Срби

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop