Русија најавува нова воена офанзива, Трамп нова софистицирана опрема за Украина

July 14, 2025
1 min read

Се заострува реториката помеѓу двајцата највлијателни светски лидери Доналд Трамп и Владимир Путин откако не се постигна договор за прекин на огнот во Украина.

При последниот телефонски разговор помеѓу Рускиот и Американскиот претседател, рускиот лидер јасно ставил до знаење дека планира понатамошна ескалација на војната со Украина.  

Според американски извори,  Путин најавил  нова руска офанзива која ќе започне во следните 60 денови со цел руските сили да стигнат до административната граница во областите што Путин ги смета за свои. Истиот американски извор тврди дека Трамп му ја пренел оваа информација на францускиот претседател Емануел Макрон. 

Заканите упатени од страна на Рускиот претседател за нова ескалација во Украина и нови напади од Руска страна го предизвикаа првиот човек на САД да ја зголеми американската поддршка за Украина за што Трамп најави нова пратка на современи ракетни системи-патриот кои според претседателот на САД ќе ја подобрат одбраната на Украина…. 

Доналд Трамп, претседател на САД 

„ЌЕ ИМАМ СРЕДБА СО СЕКТРЕТАРИЈАТОТ И ГЕНЕРАЛИТЕ УТРОВО И ЌЕ ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ДА ИМ ИСПРАТИМЕ СОФИСТИЦИРАНА ОПРЕМА ЗА ШТО ЌЕ ПЛАТАТ 100% ОД СУМАТА, И ТОА Е НАЧИНОТ НА КОЈ НИЕ РАБОТИМЕ, ЌЕ ИМ ГИ ИСПРАТИМЕ РАКЕТИТЕ „ПАТРИОТ“, КОИ ИМ СЕ ОЧАЈНО ПОТРЕБНИ, БИДЕЈЌИ ПУТИН НАВИСТИНА ИЗНЕНАДИ МНОГУ ЛУЃЕ. ЗБОРУВА УБАВО, А ПОТОА НОЌЕ БОМБАРДИРА СÈ. НО, ИМА МАЛ ПРОБЛЕМ. НЕ МИ СЕ ДОПАЃА“ изјави Трамп 

Инаку, Во моментов, Москва контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи речиси цела Луганска област, две третини од Доњецка, како и делови од Запорижка и Херсонска област. Руските власти во 2022 година прогласија анексија на овие територии по спроведување лажни референдуми, кои не се признати од меѓународната заедница. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Петровски по ЕП во Литванија: Девојките дадоа сè од себе во дресот на Македонија

Следно

Подарени и наследени акции вредни 659 илјади евра: Стопанска и Комерцијална банка доминираат во нетрговските трансфери

Latest from Blog

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев
Go toTop