Русија: Долгорочно ги паузираме мировните преговори

August 14, 2024
1 min read

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека поради украинските напади врз Курската област долгорочно ги паузира мировните преговори.

Специјалниот пратеник на руското МНР, Родион Мирошник истакна дека свесно е донесена одлуката за стопирање на мировните преговори.

– Дроновите напаѓаат или убиваат цивили за да сеат страв во граѓанското општество, да се создаде конфузија, незадоволство и да се обидат да предизвикаат некаков вид ферментација во руското општество. Обидот да се изврши терористички напад во насока Курск, употребата на нови методи, не тера да стискаме заби и да ги преземеме сите мерки да го казниме сторителот, да го казниме агресорот кој посегнува по нашиот народ, по нашите територии, посочи Мирошник.

Во меѓувреме, Руската национална гарда (Росгвардија) соопшти дека ја презела безбедноста на нуклеарната централа Курск.

– Активно се преземаат посебни мерки за спротивставување на беспилотните летала. Единиците на Росгвардија вршат извидување на теренот, го следат движењето на непријателот, ги идентификуваат скриените позиции на Вооружените сили на Украина, го адаптираат артилерискиот оган, спроведуваат далечинско минирање на позициите на украинските сили, се наведува во соопштението на Росгвардија

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Министрите за одбрана на Туркије и Туркменистан остварија средба во Анкара

Следно

Ангелов: Борбата против потпалувачите мора да биде жестока, бидејќи превенцијата е најдобриот начин

Latest from Blog

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop