Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, за време на годишниот состанок на високо ниво на ОН, кој започнува на 22 септември.
„Претседателот имаше неколку телефонски разговори со Путин, неколку средби со Зеленски, а еден веројатно ќе се одржи следната недела во Њујорк“, рече Рубио во Тел Авив, според „Киев Индепендент“.
Последната средба меѓу Трамп и Зеленски се одржа на 18 август во Белата куќа, додека неколку дена претходно Трамп го имаше првиот самит со Путин во Алјаска.
Извор: tv21