Состојки:
- 500 грама кори за пита
- 400 грама печурки
- 200 грама праз
- 200 грама кечап
- 4 лажици сенф
- 0,5 дл масло за динстање праз
- 1 чаша кисела вода
- масло, сол, бибер, сув зеленчук, оригано, босилек
Подготовка:
Исецкајте ги ситно празот и печурките. Пржете го празот во масло, потоа додадете ги печурките. Динстајте заедно околу десет до петнаесет минути. Додадете сол, бибер и сув зеленчук. Поделете ги корите на два дела. Додадете малку масло и сол во киселата вода. Ставете една кора на работната површина, испрскајте ја со вода и масло, потоа ставете ја втората кора и повторно испрскајте ја, ставете ја третата кора и премачкајте ја со сенф, наросете со оригано и босилек. Ставете ја четвртата кора, испрскајте ја и премачкајте ја со кечап. Испрскајте ја петтата кора и додадете четвртина од печурките и празот. Шестата кора се посипува и премачкува со комбинација од сенф и кечап и зачини… седмата кора со печурките и празот. Повторете ја истата постапка со остатокот од корите. Печете во загреана рерна околу дваесет минути… и по можност послужете топло.
Извор: kurir.mk


