До вечерва на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик согласно европската агенда. Договор помеѓу партиите сè уште нема на повидок. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кај опозицијата нема волја за договор. За опозицијата пак останува неприфатлив предлогот на дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта, наместо како досега во конзуларните претставништва.
Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, се надева дека политичките партии ќе успеат да се договорат за измените на Изборниот законик, бидејќи како што вели се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени во корист на граѓаните.
Извор: zurnal.mk


