Министерство за енергетика: Со поддршка од САД се гради систем за одбрана од дигитални закани

July 15, 2026
1 min read

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз eнергетската инфраструктура.

На денешниот состанок во Министерството, се дискутираше за конкретни активности со цел воспоставување на Energy CSIRT (Computer Security Incident Response Team) во рамките на Министерството, како секторски тим за сајбер безбедност во енергетиката.

На состанокот присуствуваа претставници на Министерството за дигитална трансформација, како и претставници на институции од енергетскиот сектор: МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, НОМАГАС, МЕМО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Како претставник на Амбасадата на САД, беше присутен Кристијан Доршнер, како и Методи Хаџи-Јанев, претставник на CRDF Global и Стивен Њутон, советник за сајбер безбедност на Министерството за дигитална трансформација.

„Енергетската безбедност и сајбер безбедноста се неразделно поврзани. Затоа, воспоставувањето на EnergyCSIRT претставува инвестиција во отпорноста, стабилноста и безбедноста на државата. Energy CSIRT претставува еден од клучните столбови за заштита на критичната инфраструктура во енергетскиот сектор. Како одговор на предизвиците во сајбер-просторот, кои се почесто се насочени особено кон енергетските системи, неопходно е да изградиме механизам кој ќе овозможи навремено откривање, координиран одговор и ефикасна размена на информации за сајбер инциденти“, беше истакнато на денешниот состанок.

Како подгранка на Владиниот CSIRT, EnergyCSIRT ќе го координира одговорот на сајбер инциденти, ќе врши анализа на закани и зајакнување на сајбер отпорноста на критичната енергетска инфраструктура.

На денешниот состанок беше потенцирано дека на Energy CSIRT не треба да се гледа само како техничка структура, туку како платформа за соработка меѓу сите релевантни чинители – операторите на критична инфраструктура, државните институции, регулаторните тела и меѓународните партнери. Покрај воспоставувањето на Energy CSIRT, предвидено е и формирање на специјализиран OT Центар за обука, кој ќе биде посветен на развојот на човечките капацитети во областа на оперативните технологии и индустриските контролни системи.

Целта е да се воспостави платформа за координиран одговор на сајбер инциденти, размена на информации за закани и ранливости, поддршка во управувањето со инциденти, развој на стандарди и добри практики и организирање на вежби и тестирање на подготвеноста на институциите.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со праксата на следење на светските трендови и добрите практики во насока на воспоставување на одржлив и ефикасен систем за сајбер безбедност во енергетскиот сектор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија ќе биде дел од клучната европска гасна мрежа

Следно

Рокот истекува, изборните измени во ќор-сокак

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop