Ристевска Јорданова: Агендата, пропагандата и машинеријата која ја диктира Владата за Уставните измени е чисто политичка и ја злоупотребува стратешката цел за членство во ЕУ

February 14, 2023
1 min read

„Мислам дека денес сме многу по поделени од колку што бевме тогаш и поларизацијата во општеството е на многу по повисоко ниво и таа тлее и тлее и понатаму и поделбите само се зголемуваат и од таа причина не мислам дека денес сме поблиску до ЕУ од кога што бевме порано а тоа можеби беше најниската точна кон нашиот пат кон ЕУ“ изјави Малинка Ристевска Јорданова од институтот за европска политика во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.

Таа посочи дека се киднапира процесот со Уставните измени.

„Не беше проблемот само во делот на Уставните измени туку во целиот Француски предлог односно сите отстапки што мораше да се направат. Пропагандата и машинеријата на Владата чисто политички ја злоупотребува стратешката цел членство во ЕУ. Во овој момент принципот на свршени чинови така делува. Свршен чин прифативме преговарачка рамка и сега свршен чин Уставни Измени“, децидна е Ристевска Јорданова.

Ристевска Јорданова истакна дека ова е агенда која ја диктира Владата во која Уставните измени се преставуваат како последната пречка во процесот, и притоа сите оние кои не се согласуваат со владината пропаганда ги прогласува за државни непријатели и антиеу структури.

Таа рече дека кога се споменува борбата на корупција таа се сеќава на изјавите кога претставници од власта велеа прво да се затворат големите прашања и после да се бориме против корупција.

„Ова е една безмислена теза која ни се пласира, која не знам како мислат да се оправдаат за лошите резултати воопшто во реформите особено во делот темели. Ние можеме да зборуваме таму за одреден напредок итн. Но во период кога најмногу се фалеа со некаков почеток практично тогаш ние доживеавме во борбата со корупцијата и правосудството најголеми регреси и најголеми враќања назад со именувањата и со новите скандали“, посочи Ристевска Јорданова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ФОТО: И нивните животи се важни, спасени над 300 животни под рушевините во Хатај

Следно

(ВИДЕО) Државата нема информација што значат илјадниците легализирани дивоградби во случај на земјотрес

Latest from Blog

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано

МОН: Научната соработка меѓу Македонија и Турција

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а
Go toTop