РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

November 28, 2026
1 min read

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија.

Со почетокот на 2027 година, компанијата РЕС започнува нова промотивна кампања наменета за деловните потрошувачи, со можност за заштеда до 40% на сметките за електрична енергија, договори со фиксна цена и дополнителни финансиски поволности.

Новата понуда е наменета за компаниите што сакаат да ги намалат трошоците за електрична енергија и да имаат поголема сигурност при планирањето на своите деловни расходи.

Со склучување едногодишен договор за снабдување со електрична енергија, новите клиенти на РЕС добиваат 3.000 денари попуст, додека за двегодишен договор попустот изнесува 6.000 денари. Поволноста е наменета за клиентите што редовно ги подмируваат своите сметки, а попустот се одобрува на крајот од годината, согласно условите на понудата.

Дополнителна предност е можноста за склучување договор со фиксна цена на електричната енергија за период од 12 или 24 месеци. На овој начин, компаниите однапред ја знаат договорената цена по која ќе ја набавуваат струјата и можат полесно да ги планираат своите трошоци.

Понудата е особено интересна за малите бизниси, како продавници, кафулиња, ресторани, салони, услужни дејности и други компании за кои сметката за електрична енергија претставува значаен месечен трошок.

Бесплатна анализа за батериски системи за средните и големите компании

Покрај новите поволности за снабдување со струја, РЕС нуди и бесплатна анализа за средните и големите претпријатија кои размислуваат за инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија.

Анализата опфаќа разгледување на потрошувачката на електрична енергија и проценка дали поставувањето батериски систем би било економски исплатливо за конкретната компанија.

Батериските системи овозможуваат складирање на електрична енергија во периоди кога таа е поевтина или кога се произведува од сопствени фотоволтаични електрани, а нејзино користење во периодите кога на компанијата ѝ е најпотребна.

Бесплатната анализа е достапна за сите заинтересирани средни и големи компании, без разлика дали се снабдуваат со електрична енергија од РЕС или од друг снабдувач.

Доколку анализата покаже дека инвестицијата е исплатлива, РЕС, преку своите технички и инженерски капацитети во рамките на групацијата, може да понуди и целосна реализација на проектот за батериски систем.

Со ваквиот пристап, РЕС на компаниите им овозможува на едно место да добијат понуда за снабдување со електрична енергија, стручна анализа на нивните енергетски потреби и технички решенија за дополнително намалување на трошоците.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“

Следно

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

Latest from Blog

Ново место за винско бегство на 10 километри од Скопје: Винарија Душа ги отвори вратите во Волково

На само пет минути возење од скопската обиколница и 10 километри од центарот на градот, во Волково официјално започна со работа Винарија Душа. Новата дестинација е замислена како простор за организирани тури

Русија ја засили морнарицата со нова атомска подморница опремена со ракети „Циркон“

Северодвинск – Рускиот претседател Владимир Путин официјално ја воведе во составот на Воената морнарица атомската подморница „Перм“, на церемонија на подигнување на поморското знаме во северниот руски град Северодвинск, пренесува ДПА. Церемонијата на

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег

Најниска температура утрово е измерена во Тетово шест степени, во Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид седум степени, во Битола осум степени, во Виница и Демир Капија девет степени и во Срумица 10. 
Go toTop