Реновирање на „Трауматологија и ортопедија“ – директорот ветува дека до крајот на октомври ќе завршат работите

August 14, 2025
1 min read

Вака моментално изгледаат просториите за интензивна нега во рамки на Клиниката за трауматологија и ортопедија кои се во тек на реновирање.

ТВ21 заедно со министерот за здравство Азир Алиу ги погледнаа одблиску работите, во придружба на директорот на Клиниката Игор Мерџановски. Тој вели дека овие простории се целосно реновирани и дека околу 50% од работите се завршени.

„Овие простории постоеја и порано, но со капацитет за 100 м² помал од сега. Со самото проширување и проектот на Министерството за здравство, овој проект е ваш, кој вие го водите, ние го надгледуваме. Заедно постигнавме околу 50% од работата и реновирањето, што е национален интерес“, порача Игор Мерџановски.

Другиот проект, кој исто така се работи со средства од донации, е реновирањето на Одделот за трауматологија, оддел А. Како што објаснува Мерџановски, реновирањето започнало истиот ден кога го презел мандатот, а се очекува за 20 дена да се отвори одделот.

„Овие се собите, целосно се реновираат. Сосема се заменети прозорците во сите соби. Ново бојадисување, пуштени подови, нови клима-уреди. Клима-уредите ги добивме од Црвениот крст. Од Црвениот крст, преку соработка со нив, добивме околу 1 милион и 200 илјади во опрема. 20 кревети, 20 ормани, 8 клима-уреди, сè што беше потребно, нови медицински душеци“, вели Игор Мерџановски.

Истото се работи и во одделот за полуинтензивна нега, а како што информира раководителот на Клиниката, во план е и реорганизација на просториите на амбулантата и проширување на капацитетите, како и подобрување на условите во собите за медицинскиот персонал, со помош на донации. Целиот проект, кој е од национален интерес, се очекува да заврши во месец октомври, вели Мерџановски, бидејќи, како што додава, се работи со висок интензитет.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Гори Македонија -19 пожари за еден ден, осум сè уште активни

Следно

Кривичниот суд се уште го нема прифатено обвинителниот акт за случајот Кочани

Latest from Blog

ЛШ: Сити ја продлабочи кризата на Реал, Арсенал не знае за пораз, ПСЖ остана без муниција (ВИДЕО)

ВО големата пресметка и дербито на колото во Лигата на шампионите, Манчестер Сити славеше во мадрид против реал со 1.2 и ја продлабочи кризата кај „кралевите“. Иако почнаа добро и поведоа со

Трамп потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека американските сили заплениле танкер за нафта крај брегот на Венецуела. „Тукушто запленивме танкер крај брегот на Венецуела – голем танкер, многу голем, всушност најголемиот што

Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија
Go toTop