Рекорден интерес за батериски системи и обновливи извори на енергија во Македонија

October 12, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби голем број иницијативи за изградба на нови ветерни, соларни и гасни електрани со вкупен капацитет од 7.100 мегавати, како и за батериски системи за складирање енергија – самостојни и ко-лоцирани со електрани – со вкупна оперативна моќност од 4.172 мегавати.

Министерката Сања Божиновска изјави дека меѓу поднесените иницијативи има и проект за когенерациска гасна електрана од 495 мегавати, но дека документацијата е многу обемна и сè уште се анализира. Таа потсети дека Владата веќе потпиша меморандум за разбирање со турската компанија Kazancı Holding за реализација на вакви проекти.

Инвеститорите доставиле предлози за ветерни паркови со вкупен капацитет од 1.590 мегавати и придружни батериски системи со 402 мегавати моќност и 1.080 мегаватчаса капацитет. За соларни електрани поднесени се иницијативи со 5.052 мегавати, проследени со батериски системи со 1.174 мегавати моќност и 3.018 мегаватчаса складиштен капацитет. Покрај тоа, инвеститорите предложиле и изградба на самостојни батериски постројки со вкупно 2.596 мегавати и 3.094 мегаватчаса капацитет.

Божиновска нагласи дека овој интерес претставува позитивен сигнал за довербата на инвеститорите во македонскиот енергетски сектор, но дека најважно е доставената документација да биде комплетна и валидна. Таа потсети дека со новиот Закон за енергетика е воведен годишен план за изградба на приоритетни енергетски проекти.

Рокот за поднесување на проектите за странските инвеститори беше 1 октомври, а Министерството доби голем број апликации кои ќе бидат детално разгледани во наредниот период.

Во меѓувреме, компанијата YESS Power планира следниот месец да го пушти во употреба првиот голем батериски систем за складирање енергија во Македонија, со капацитет од 60 мегавати – проект кој ќе биде прв од овој вид во целиот регион на Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Србите ќе бидат остро казнети за нивното скандирање откако Манај им покажа двоглав орел

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Latest from Blog

Андоновска: Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски?

Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски? Праша Викторија Андоновска

Ристески повика на поддршка за Проданоски на локалните избори во Прилеп

Во пресрет на локалните избори на 19 октомври, Марјан Ристески, заменик министер за економија и поранешен градоначалник на Прилеп, ја изрази својата поддршка за кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски. Ристески ги повика

Борко Ристовски ја започна долгочекуваната реконструкција на спортската сала во УКИМ

Министерството за спорт ја отпочна најавената реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со ректоратот на УКИМ, како дел од програмата за изградба

Лекорни: Повторно ќе поднесам оставка ако условите не бидат исполнети

Себастијан Лекорни, кој се врати на својата функција премиер на Франција во петокот откако поднесе оставка од позицијата претходно оваа недела, во изјава за „Трибјун Диманш“ изјави дека „повторно ќе си замине
Go toTop