Регионалната конференција за агро-прехранбена трговија успешно одржана во Сараево

November 20, 2025
4 mins read

На 18 ноември 2025 година, во хотелот Swissotel Sarajevo, се одржа високата регионална конференција „Безбеден извоз, силен раст: Напредување на агро-трговијата во ЦЕФТА“, која ги обедини институциите од ЦЕФТА страните, претставниците на Европската унија и водечки експерти од целиот Западен Балкан.

Домаќин на конференцијата беше Босна и Херцеговина, во рамки на нејзиното претседавање со Подкомитетот на ЦЕФТА за земјоделство и СФС (санитарија и фитосанитарија), со што се обезбеди значајна платформа за унапредување на регионалната соработка и поголемо усогласување со ЕУ стандардите за агро-прехранбени производи и СФС регулативи.

Настанот беше организиран преку SEED+ Акцијата, имплементирана од Секретаријатот на ЦЕФТА и финансирана од Европската унија, во партнерство со проектот EU4Trade, кој го спроведува GIZ во име на Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и ко-финансиран од Европската унија. Конференцијата ја истакна заедничката заложба на регионот за побезбедна и поинтегрирана агро-прехранбена трговија.

Во своето обраќање, Слободан Цвијановиќ, помошник-министер во Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ и претседавач со Подкомитетот на ЦЕФТА за земјоделство и СФС, истакна:

„Денес, во рамки на претседавањето на Босна и Херцеговина со Подкомитетот на ЦЕФТА за земјоделство и СФС, Министерството за надворешна трговија и економски односи (MoFTER) ја беше домаќин на конференцијата “Безбеден извоз, силен раст” во Сараево. Настанот беше фокусиран на унапредување на трговијата со земјоделски производи и зајакнување на безбедниот агро-прехранбен пазар во регионот. Клучни теми беа дигитализацијата на процедурите, зајакнувањето на контролите базирани на ризик и подобрената координација меѓу СФС институциите, сите насочени кон обезбедување побрза, побезбедна и попредвидлива трговија со земјоделски добра. Учесниците ја истакнаа важноста на системите како што се SEED+ и CEFTA TRACES NT, кои помагаат да се намалат административните оптоварувања и да се зголеми институционалната доверба. Ова го претставува завршниот настан за време на претседавањето на Босна и Херцеговина со ЦЕФТА во 2025 година, повторно потврдувајќи ја нејзината силна посветеност за поддршка на ЦЕФТА страните во зајакнувањето на капацитетите и подготовките за следната фаза на регионална интеграција во 2026. Благодарност до Европската унија, Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој, GIZ, проектот EU4Trade, проектот SEED+ и Секретаријатот на ЦЕФТА за нивната континуирана поддршка за време на претседавањето на Босна и Херцеговина“,

Зајакнувајќи ја улогата на ЦЕФТА во дигиталната трансформација, д-р Пранвера Кастрати, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, сподели значајно ажурирање за реалното влијание на ЦЕФТА: „Внатрешната трговија на ЦЕФТА со овошје и зеленчук достигна 233,1 милион евра во 2024 година, што претставува зголемување од 9,11% во однос на претходната година и импресивен раст од 154,7% од 2014 година, сега претставувајќи 9,85% од вкупната земјоделска трговија на ЦЕФТА. Овој успех е резултат на конкретни реформи воведени преку одлуката на ЦЕФТА за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук, која значително ги намали непотребните контроли, ја забрза дигитализацијата и ги зајакна системите за безбедност на храната и растенијата. Годината 2026 ќе претставува значајна промена за ЦЕФТА, од посветеност кон целосна имплементација. Електронските сертификати, инспекции базирани на ризик и размена на податоци во реално време ќе станат новото нормално, подобрувајќи ја ефикасноста, намалувајќи ги трошоците и зголемувајќи ја конкурентноста на земјоделците и извозниците низ ЦЕФТА.“

Антонела ди Сандри, раководител на Одделот 2 за социо-економска конвергенција и одржливост при Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, изјави во своето воведно обраќање дека: „Пакетот за проширување за 2025 година потврдува дека патот кон членство во Европската унија е отворен и достапен за Западен Балкан, под услов реформите да продолжат и соработката да се продлабочи. Во овој процес, постепената интеграција, особено во области како што се земјоделството, трговијата и дигитализацијата, веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите. Планот за раст на Европската унија од 6 милијарди евра за Западен Балкан дополнително ќе ги поддржи овие напори, помагајќи во зајакнување на конкурентноста, привлекување инвестиции и создавање нови можности низ регионот. Европската унија ќе остане посветен партнер, политички, финансиски и технички, во градењето поврзан, безбеден и просперитетен агро-прехранбен пазар на Западен Балкан. Безбедната трговија гради доверба, а довербата гради раст. Со заедничка работа, ЦЕФТА и Европската унија ги поставуваат темелите за посилна регионална соработка, одржливо земјоделство и следните чекори кон целосна европска интеграција“, заклучи таа.

Придонесувајќи кон оваа визија, Франк Милер, регионален земјоделски советник за Западен Балкан при Амбасадата на Германија во Северна Македонија, додаде: „Нашата заедничка цел е да ја направиме агро-прехранбената трговија побезбедна, побрза и попредвидлива за земјоделците, потрошувачите и бизнисите низ регионот. Германија, заедно со Европската унија, ќе продолжи да ја поддржува регионалната економска соработка и одржливата земјоделско-прехранбена трговија, обезбедувајќи агро-прехранбените пазари не само да го поттикнат посилниот регионален раст и напредокот на Западен Балкан кон Единствениот пазар на ЕУ, туку и да придонесат за одржливиот развој и поширокиот процес на ЕУ интеграција во регионот.“

На конференцијата присуствуаше и Фадил Асани, заменик директор на агенцијата за храна и ветеринарство кој во своето излагање истакна: „Северна Македонија постигна значителен напредок, вклучително и пилотирање на размена на ветеринарни сертификати во рамките на регионот. Поефикасната комуникација помеѓу фитосанитарните, ветеринарните и царинските служби е суштинска за забрзување на процедурите и намалување на административните бариери за извозниците. Преминот кон целосно дигитализирани постапки ќе ни овозможи да ги усогласиме процедурите, да ја зајакнеме координацијата и да ја подобриме конкурентноста на регионалната трговија. Остануваме оптимистични и посветени на продлабочување на соработката во рамките на ЦЕФТА за да постигнеме практични подобрувања за производителите и трговците.“

Промовирање на регионалната интеграција и соработката ЦЕФТА–ЕУ

Конференцијата ја потенцираше заедничката амбиција на ЦЕФТА страните да го зајакнат Заедничкиот регионален пазар, да ја зголемат конкурентноста и да ја продлабочат соработката со Европската унија. За време на конференицјата, SEED+ и EU4Trade ги претставија тековните успеси и ги нагласија приоритетите за модерни, усогласени и дигитално поддржани системи за агро-прехранбена трговија.

Во име на придонесот на SEED+ кон регионалната интеграција, Една Караџа, проект-менаџерка на SEED+, изјави: „Горда сум да кажам дека SEED+ е ’рбетот на дигиталната поврзаност на ЦЕФТА. Тоа ги поврзува луѓето, царините, инспекциите и администрациите; овозможувајќи брза, безбедна и транспарентна размена на податоци. Заедно, ги скратуваме времињата на чекање, ги намалуваме административните оптоварувања и ѝ помагаме на нашата економија да тргува попаметно. Повеќе од 24.000 фитосанитарни и 35.000 ветеринарни сертификати беа разменети преку CEFTA TRACES NT во изминатата година, претворајќи ја дигитализацијата во доверба во реално време, со значителни заштеди за економските оператори и до 70% зголемување на ефикасноста на инспекциите низ ЦЕФТА.“

Надоврзувајќи се на овие достигнувања, Тања Бошковиќ, раководител на проектот EU4Trade, ја истакна стратешката вредност на усогласените напори во олеснувањето на агро-трговијата: „Напредокот не се случи случајно. Тој произлезе од координација, истрајност и институции подготвени да работат отворено и конструктивно. Предизвиците остануваат, технички, политички и практични, но ние работиме низ нив, а не околу нив. Секој чекор, голем или мал, го прави системот побезбеден и попредвидлив. Ќе продолжиме со оваа работа, ќе надградуваме врз постигнатото и ќе ги поддржуваме нашите партнери секој ден, дури и кога условите се предизвикувачки. Заедно можеме да продолжиме да градиме посилен и поповрзан регион.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ново поглавје во управувањето со отпадот: Прилеп доби грант од 50.000 долари

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Реплек со најголем дневен промет

Latest from Blog

Вредни еден милион денари: Пазарниот инспекторат одзема поголема количина шверцувани производи од тутун (ФОТО)

Државниот пазарен инспекторат на ден 17.11.2025 година и 18.11.2025 година, изврши инспекциски надзори на територија на градовите Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало

Ново поглавје во управувањето со отпадот: Прилеп доби грант од 50.000 долари

Општина Прилеп е прворангиран добитник на грант од 50.000 американски долари во рамки на Третиот повик на Фондот за техничка документација (ФТД). По деталната евалуација на пристигнатите апликации, проектот на Општината е

Ристовски и Проданоски го отворија новиот мултифункционален спортски центар во Прилеп

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска официјално го пушти во употреба новиот современо уреден мултифункционален спортски центар кој се наоѓа во населбата Точила. Во рамки на овој спортски комплекс изградено

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово. Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако
Go toTop