Реал на прагот на нов трансфер: Доаѓа бразилското чудо од дете за 50 милиони евра?

December 17, 2025
1 min read
Фото:instagram.com/rayann

Реал Мадрид, се чини, реши да ја претекне конкуренцијата и да го обезбеди потписот на еден од најбараните млади фудбалери на денешницата. „Кралскиот клуб“ наводно подготвува понуда од 50 милиони евра за 19-годишниот бразилски талент Рајан Витор, со што сака да го надмине интересот на Арсенал, Челзи и Барселона, пишува Fichajes.

Рајан Витор се етаблираше како еден од најперспективните млади напаѓачи во Бразил. Целата досегашна кариера ја мина во Васко да Гама, клуб на кој му се приклучи како шестгодишник во 2012 година. Откако ги помина сите младински категории, за сениорскиот тим дебитираше во 2023 година, а неговата вредност оттогаш постојано расте.

Посебно блесна во сезоната 2025, во која на 55 настапи постигна 20 голови и запиша една асистенција. Ваквите игри не можеа да останат незабележани, па европските гиганти застанаа во ред за неговиот потпис.

Арсенал е во потрага по млад и разноврсен напаѓач, особено бидејќи иднината на Леандро Тросар на „Емирати“ е неизвесна, а клубот наводно е подготвен да го продаде и Габриел Жезус. Од друга страна, интересот на Барселона е разбирлив ако се земе предвид дека долгорочниот останок на Маркус Рашфорд, кој моментално настапува како позајмен играч, е под знак прашање.

Ниту интересот на Челзи не изненадува. „Сините“ се познати по својата политика на доведување млади таленти, особено од јужноамериканскиот пазар, а најсвеж пример за тоа е Естевао Вилијан. Рајан совршено би се вклопил во таа стратегија.

Сепак, се чини дека Реал Мадрид е најконкретен, одамна го следи развојот на младиот Бразилец, а интересот дополнително се засили поради неизвесната иднина на Родриго на „Сантијаго Бернабеу“. Поради тоа, чудото од дете од Васко да Гама стана приоритетна цел, а клубот е подготвен да плати 50 милиони евра за да ги обезбеди неговите услуги.

Понудата од 50 милиони евра би можела да биде доволна Реал Мадрид да победи во трката за потписот на 19-годишната напаѓачка сензација. Останува да се види дали Арсенал, Челзи и Барселона ќе се обидат да парираат на „Кралскиот клуб“ или младиот Бразилец веќе следната година ќе се пресели во Мадрид.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгласан Законот за средно полициско училиште

Следно

Поларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите

Latest from Blog

Димитриевски: СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи

СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму има луѓе против кои се водат сериозни кривични постапки во моментов, дополнително и поранешниот и актуелниот лидер исто така. Нема

Објавени се првите номинации за Оскар

Овие листи ги претставуваат филмовите што го поминале првиот круг на селекција и од кои ќе бидат избрани конечните номинирани, објави Варајети. Главни фаворити: Најголеми успеси постигнаа „Грешници“ на Рајан Куглер и

Поларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите

Светските нивоа на морскиот мраз паднаа на рекордно ниско ниво, а загревањето на планетата го подигна нивото на морето. Овие промени ги загрозуваат поларните мечки, кои живеат и ловат на сè помали

Изгласан Законот за средно полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка
Go toTop