Раскинати 45 концесии во рударството – Божиновска најавува построг надзор

October 9, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес соопшти дека над 45 концесии во рударството се раскинати, од кои 34 еднострано, а 11 договори истекле и не се продолжени.

„Причините за раскинување се непочитување на законските и еколошки обврски, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел,“ рече Божиновска на брифингот со новинарите.

Министерката најави дека сите концесии ќе бидат јавно објавени и потенцира дека од почетокот на годинава до 1 октомври се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори.

Божиновска истакна дека ќе се воведат построги критериуми за издавање и контрола на концесиите, а во Државниот инспекторат за енергетика и рударство моментално работат 14 инспектори, но недостигаат уште најмалку толку за ефикасно спроведување на надзорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Божиновска најави законска заштита за уникатниот македонски рубин

Следно

Ѓорѓиевски најави инфраструктурни и сообраќајни проекти за Бутел

Latest from Blog

Во Саудиска Арабија се пофалија: Сопствениците на Јунајтед во напредни преговори за продажба на клубот

ФОТО: Manchester United F.C./X Сопствениците на Манчестер Јунајтед се во напредни преговори за продажба на клубот на друг инвеститор. Оваа бомбастична вест ја објави Турки Ал-Шеик, кој е претседател на Генералниот орган

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид со најголем дневен промет, МБИ10 негативен

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 9 октомври 2025 година, индексот МБИ10 бележи благ пад од 0,09%, завршувајќи на ниво

Чекор за мир во Газа – Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир

По три дена интензивни преговори во Египет, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти за долгоочекуваниот напредок. „Ова значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу наскоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи

Мисајловски: Успешно имплементирани новите системи „Боран“, нашата Армија одлично обучена

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, присуствуваше на првото гаѓање со новите артилериски
Go toTop