Репрезентацијата на Мексико е еден од домаќините на претстојниот Мундијал кој е закажан за следното лето. Мексиканците се ко домаќини заедно со САД и Канада, и имаат огромни очекувања од овој турнир.
На него ќе ги води нивниот легендарен стратег, Хавиер Агире, а по него искусниот тренер се повлекува од функцијата.
Во исто време познато е и кој ќе го наследи. Се работи за добро познато име на светската фудбалска јавност, а тоа е некогашниот дефанзивец на Барселона, Рафаел Маркез, една од легендите на мексиканскиот фудбал.
Тој и сега е дел од репрезентацијата, поточно е помошник на Агире.
Извор: vecer.mk


