ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

July 8, 2025
1 min read

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која било управувано возилото, објави денеска шпанската Цивилна гарда.

Иако вештачењето сè уште е во тек, истражителите најавија дека одделно ќе ги анализираат „трагите оставени од едното тркало на возилото“, но дека сè укажува дека брзината на возилото во моментот на несреќата била значително над дозволената на тој дел од патот.

Според прелиминарните информации, Диого Жота го управувал возилото во моментот на несреќата, која се случи ноќта меѓу 2 и 3 јули на автопат во покраината Замора, во северозападна Шпанија.

Дваесетиосумгодишниот Жота и неговиот три години помлад брат Андре, фудбалер на португалскиот второлигаш Пенафиел, починале на местото на несреќата пред да пристигнат службите за итни случаи.

Нивното возило, луксузен спортски автомобил „Ламборџини Хуракан“, кој според португалските медиуми бил изнајмен, излетал од патот, а потоа се запалил, соопшти Цивилната гарда.

Жота се ожени само десет дена пред несреќата со својата долгогодишна партнерка, со која имаше три деца.

Диого Жота и Андре Силва беа погребани во саботата во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

Следно

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Latest from Blog

Градоначалникот на Бутел, Костовски со слика од Калифорнија се пофали дека будно ја следи состојбата со пожарот на Скопска Црна Гора

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој е од редовите на ВМРО-ДПДМНЕ, преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека општинскиот кризен штаб во текот на изминатата вечер бил активен и ја следел состојбата

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката

Летниот камп за девојчиња „Мистик“ уништен по поплавите во Тексас, загинаа 27 деца

ТЕКСАС (АА) – Кревети, мебел и лични предмети беа расфрлани пред поплавените кабини во летниот камп „Мистик“, откако поројни дождови предизвикаа катастрофални поплави кои го зафатија централниот дел на американската сојузна држава

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на
Go toTop