На 5 октомври 2000-та година по 25 години од настаните што ја променија Србија, ја отвараме темата за случувања кои потоа имаа исклучително битно влијание врз нашиот регион, а искуствата и резултатот од првата “шарена револуција“ која се случи во Белград поттикнаа десетина други низ светот, меѓу кои петнаесет години потоа и во Македонија.
На тој ден, не само што насилно се сруши власта на Слободан Милошевиќ, туку по превратот започна и масовно насилството врз стотици граѓани и илјадници фирми, уништувањето на институциите, фабриките и економското ткиво на земјата, спровудање прогон без правен основ… покажуваат анализите за десетте години по овој државен удар спроведен, за прв пат, по системот на “шарените револуции“.
Тупаниците како симбол, сликањето додека демонстрантите делат цвеќе на полицајците од кордонот а потоа фрлаат камења врз нив, палењето слики на политичарите како дехуманизација и моќ врз нив, слоганите како “Готов е“… кои ги обележија сите следни шарени револуции се видени на тој 5-ти октомври во Белград.

Дали се случи спонтан судир со народот бесен поради сомневањето во изборните резултати за претседател на тогашната Сојузна Република Југославија, претседстелските и локални во Србија од 24. септември? Дали кон тоа клучно влијаеа и седум години војна во која Србија учествуваше и беше економски исцрпена?
На изборите, според Државната изборна комисија, најмногу гласови за претседател освоил Војислав Коштуница од опозиционата коалиција ДОС – 48,96%, а втор бил Слободан Милошевиќ со 38,62% и се најави втор круг на изборите. Излезноста во првиот круг избори била огромна, околу 70%, и тешко повторлива за во вториот круг. Вториот круг бил неизвесен и бидејќи коалиционите партнери во постојната влада – Српска радикална странка, (каде тогаш функционер бил и денешниот српски претседател Вучиќ) имала свој кандидат (Томислав Николиќ) кој не влегол во вториот круг, партијата најавила поддршка за Милошевиќ а опозиционата партија СПО на Вук Драшковиќ најавила неутралност во вториот круг.
Втор круг на претседателските избори закажан за 8. октомври никогаш не е одржан. На 5. октомври опозициската коалиција ДОС предводеше масовни демонстрации, со влез во Собранието и палење на зградата а прво што направија беше фрлање на гласачките ливчиња низ прозорот на Собранието по што никој потоа не ни можеше да ги преброи.

Опозицијата, по насилното преземање на институциите, објави дека Војислав Коштуница освоил 50,24% и победил во првиот круг.
Откако беа преземени државните институции и зградата на државната телевизија РТС која исто така беше запалена, а полицијата на повик на лидерот на специјалните полициски сили Милорад Улемекет Легија запре секакво дејство против демонстрантите, Коштуница веднаш се појави на државната телевизија во функција на изборен победник.
– Ако војската го нападне народот, ние ќе ја нападнеме војската и војската нема да се помине добро – изјави Легија ставајќи ги специјалните полициски сили на страна на Зоран Ѓинѓиќ и демонстарантите.

Наредниот ден, по очигледниот пад и блокада на системот, Милошевиќ јавно призна победа на Војислав Коштуница кој, спротивнмо на уставните и законски норми и рокови, веднаш стапи на должност претседател . За премеир, потоа, беше избран Зоран Ѓинѓиќ, од Демократската партија на Србија.
Војислав Коштуница, правник и професор, од 2000-та до 20023. година беше последниот претседател на Сојузна република Југославија, а потоа од 2004-та до 2008 премиер на Србија.
Веќе во 2001. година Коштуница и лидерот на опозциската коалција ДОС Зоран Ѓинѓиќ, кој од 2001. стана премиер на Србија, имаа судир околу испораката на Слободан Милошевиќ во Хаг на што Коштуница се противеше, бараше да му се суди во Србија, а испораката во Хаг ја оцени како кршење на Уставот и штета за националните интереси. Ѓинѓиќ мислеше поинаку, и го испорача Милошевиќ во Хаг иако Коштуница и Ѓинѓиќ имаа поинаков договор со Милошевиќ кој се согласи за мирно примопредавање на власта доколку не биде испорачан во Хаг.
Коштуница како изразен легалист, патем, во повеќе наврати го обвинуваше премиерот Зоран Ѓинѓиќ и неговите најблиски соработници дека не ги почитуваат законите во пресметката со претходната власт, дека се “премногу блиски“ со шефот на српските полициски специјални единици Милорад Улемек Легија (ЈСО) од единицата за специјални операции на Државната безбедност, и со српското подземје во “стабилизирањето на револуцијата од 5. октомври“. По овие ставови, нагло ја загуби поддршката од новата власт и медиумите под нивна контрола, беше игнориран во својата работа, и наскоро се случи растурање на нивната коалиција.

Зоран Ѓунѓиќ скапо ја плати поддршката од Легија и српската полиција и подземјето која го следеше и поддржа за време на демонстрациите и државниот удар во Србија на 5. октомври 2000-та година. На 12. март 2003-та година Ѓинѓиќ загина во атентат извршен врз него пред зградата на српската влада.
За атентатот беа обвинети и судени: Мирослав Улемек Легија како главен организатор. Неговиот соработник од специјлните полициски сили Звездан Јовановиќ и неколкумина со него како директни извршители. Луѓето од подземјето, кое го спомнуваше Коштуница, пред се лидерите од “земунискиот клан“ кои беа блиски со тимот на Зоран Ѓинѓиќ претежно беа ликвидирани без судење и без можност пред судот и пред јавноста да се дознае за нивните мотиви и релации со српската “револуционерна“ власт.
По атентатот, во декембри 2003 година, се одржаа парламентарни избори. На тие избори победи Срапската радикална странка (СРС) предводена од Тимислав Николиќ и Александар Вучиќ со 82 мандати. Партијата на загинатиот Зоран Ѓинѓиќ (ДС) која го предводеше државниот преврат на 5. октомври заврши на трето место со само 37 пратеници. Но, иако победија на изборите, влада формираа тие што загубиле и тоа со поддршка од Социјалистите на Слободан Милошевиќ кои освоија 22 пратенички места, но на кои им се закануваа казни од повеќегодишен затвор доколку не соработуваат. Премиер стана Војислав Коштуница, од Демократската странка на Србија (ДСС).

Наредната, 2004-та година се одржаа претседателски избори на кои победи Борис Тадиќ од Демократската странка (ДС) на Ѓинѓиќ, пред кандидатот на српските радикали (СРС) Томислав Николиќ. Во првиот круг водеше Николиќ со 954.000 гласови пред Борис Тадиќ кој имаше 853.000 гласови но, во вториот круг Тадиќ ја надмина загубата од над 100.000 гласови со неверојатни коалции, поддржан дури и од Социјалистите.
Во тие години неформален лидер на Социјалистичката партја на Србија, поради престојот во притвор во Хаг на Слободан Милошевиќ, бил Ивица Дачиќ кој по смртта на Милошевиќ во 2006-тѕа и формално станиува лидер на Социјалситичката партија ан Србија.
Лидерите на превратот на 5. октомври 2000-та од ДОС (Демократска странка на Зоран Ѓинѓиќ и Борис Тадиќ) на различни нивоа беа на власт до 2012 година кога на изборите победи новата партија, Српска Напредна странка (СНС) предводена од Тимислав Николиќ и Александфара Вучиќ кои претходно ја напуштија Српската радикална странка (СРС) поради несогласувања со Војислав Шешељ.
Последици: што е изгубено

“Сè што медиумите објавија за Милошевиќ и ДОС е една голема измама. Гигантска манипулација. Колосална лага. Ниту Милошевиќ беше диктатор, според неговите услови, ниту пак беа борци за демократија со вистински мотиви. Претворањето на Србите во троглодити од 20 век беше заеднички напор. Милошевиќ водеше војни во кои ги загуби српските територии, српските домови и српските животи. Во тоа време, тие преговараа со странци како, кога Милошевиќ ќе ја заврши својата губитничка работа во војната, ќе го завршат уништувањето на Србија во мир.
Без војната, 5 октомври не би бил можен. Таканаречената „демократска“ транзиција и приватизација не би биле изводливи. Не би било можно да се уништи за пет години сè што беше создадено за 50 години. Без Милошевиќ, нема ДОС. Без неговите губитнички конфликти, санкции, глад и беда, сите би ги презирале за нивното голо додворување на Западот. Без ДОС, Милошевиќ не можеше да ги претстави своите бесмислени војни како патриотизам, логичен и прифатлив за народот. Резултатот од неговиот патриотизам е крајно катастрофален. Србите беа протерани од сите територии каде што живееле со векови. Тие беа прогласени за најголеми криминалци во светот по фашистите. Косово беше одземено од Србија и ставено под меѓународен протекторат. Санкциите не беа воведени за да се скрати владеењето на Милошевиќ, туку за да се сруши и уништи целата економија, за да може да се затвори по „демократските“ промени… Кога ја опустоши Србија од горе до долу, Милошевиќ направи она што ниту еден нормален човек не би го направил – свика предвремени избори, со што овозможи да се одржат настаните на 5 октомври.“ пишува Милорад Бојовиќ во коментар за Дневник. Неговата анализа делува прилично објективно и фактографски поддржано.

Според аналитичарите, губењето на Косово и тивка согласност за неспроведување на резолуцијата 1244 на ООН според која Косово е територија под контрола на ООН но, Србија има право на ограничен број полициски сили таму и според која Резолуција Косово нема право на локални државни и вооружени органи и независност – е директна последица на меѓународните настани и политиката по 5 октомври 2000-та година.
Излегувањето на Црна Гора од Сојузна Република Југославија по референдумот во 2006-та година е следната последица.
По падот на власта на Слободан Милошевиќ, беа укинати меѓународните санкции, што овозможи враќање на Србија во меѓународните финансиски институции (ММФ, Светска банка) и го отвори патот за донации и заеми потребни за закрепнување. Тоа беше награда за успешниот државен удар бидејќи санкциите претходно беа важна причина за тешката економска ситуација во Србија која влијаеше на самите протести.

Но, наместо економски бум, се случуваа други процеси. Парите од странство завршија кај “револуционерите“ и нивните бизнис партнери. Се случи брза приватизација на јавниот и државен имот и масовна корупција за која се молчеше дома заради страв и немање опозиција и прогони на “сомнителни“ во кои над 2.000 луѓе беа обвинети по разни основи, а во странство заради благодарност за извршениот државен преврат.
Се случи драматичен пад на индустриското производство: стотици фабрики беа затворени или уништени, работни места изгубени, инфраструктура запоставена а извршено е масовно насилно преземање на над 80.000 државни и приватни фирми од страна на функционери и активисти на ДОС и губење на 500.000 работни места. Намалување на индустриското производство од 40 на 15 проценти од вкупниот БДП.
Стапката на невработеност се зголеми од 25 проценти во 2.000 година на 31 процент во 2004. година. Губењето на работните места и ниските плати доведоа до процут на сивата економија и зголемена корупција. Проценките покажуваат дека помеѓу 300.000 и половина милион луѓе ја напуштиле Србија во првите 10 години по 5. октомври 2.000-та година.

Атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година значително го потресе веќе кревкото единство на Демократската опозиција на Србија. Земјата влезе во политичка криза, чија причина беше недостатокот на соодветен кандидат за лидер меѓу демократите за да го замени убиениот Ѓинѓиќ. Демократските влади се редеа една по друга по атентатот врз Ѓинѓиќ, но ниту една од нив не успеа да обезбеди политичка стабилност.
Покрај политичката криза и предаторските приватизации, од кои Србија долго не се опорави, земјата се соочи и со предизвици на надворешнополитичката сцена. Соработката со Хаг беше најважниот предуслов за пристапување на Србија во ЕУ. Соочен со притисокот од Хаг и Брисел, Белград, сакаше или не, сепак мораше да попушти на крајот но, ни ден денес Србија не е членка на ЕУ иако го предаде Милошевиќ и во тие “револуцуинерни“ години се согласи на премолчно прифаќање на независноста на косово без бунт.
Сепак, работите почнаа да се менуваат на подобро дури околу 2012 година:

Бруто домашен производ (БДП): Во 2012 година, БДП на Србија изнесуваше околу 33 милијарди евра, додека според најновите податоци од 2025 година, БДП достигна приближно 88 милијарди евра, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2012 година. Во 2012 година, БДП по глава на жител изнесуваше околу 4.700 евра, додека во 2023 година се зголеми на приближно 8.000 евра.
Стапка на невработеност: Во 2012 година, стапката на невработеност во Србија изнесуваше 25,9%, додека во 2022 година се намали на 10,4%. Стапка на невработеност кај младите: Во 2012 година, стапката на невработеност кај младите беше над 51%, додека во 2025 година е намалена на околу 8,4%.
“Револуцијата“ од 5. октомври во Србија не се разликува многу од другите селични “револуции“, само што тоа беше прва “шарена револуција“ со која светот се соочи.
Преземање власт на сила и политички живот со прогонување опозиција, контрола на правосуден систем според “потреби на револуцијата“, воспоставување владеење со влада од луѓе кои не добиле власт во нормални избори, дивеење и злоуптреба на така стекнатата апсолутна моќ за грабеж, суспензија на законите и одмазда според лична проценка. Губење на институциите и суспензија на правната држава, разочарување кај учесниците и поддржувачите кои остануваат без воља и организација за корекција на “револуционерите“. Тоа е карактерот на сите револуции: од Француската (1789–1799) која заврши со крвопролевање и меѓусебни пресметки на “револуционерите, преку Октомвриската (1917), а особено превратите со “шарените револуции“.
Потоа, по тој 5. октомври 2000-та година во Белград, видовме многу “шарени“ револуции во Европа, Африка, Азија… Но, ниту една, без исклучок, ниту една од нив не донесе подобар живот, правна држава и поголема слобода за граѓаните. На следна шанса за развој Србија мораше да чека 12 години, и да почне речиси од нула да гради општество, индустрија, стандарди и правна држава.
Извор: vecer.mk