Протестен марш под мотото „За чист воздух“

December 10, 2024
1 min read

Скопје и денеска на убедливо прво место на листата на најзагадени градови во Европа, според податоците на специјализираната страна за мерење на квалитетот на воздухот IQAir. Додека пак, на светско ниво најзагадени градови се Ханој, Дака, Калкута, Ташкент,Техеран.. 

Граѓаните во Скопје излегоа на протестен марш започнувајќи од Министерството за животна средина, Собранието се’ до Владата и упатија прашања до надлежните преку транспарентите „Уште ли за ова ќе протестираме?“ До политичарите апелираа дека сите го дишат истиот воздух. 

„Воздухот е многу загаден и мислам дека државата треба нешто да направи за тоа, но очигледно последниве десет години ништо не прави..“

„Едноставно смачено ни е, не сакаме ниту да излеземе надвор од што толку е загаден воздухот..“

Зелен хуман град, Шанса за центар, 02 иницијатива и други невладини организаци, кои се организатори на протесниот марш побараа итно системско справување со аерозагадувањето преку имплементација на ефикасни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Организаторите посочуваат дека загрижувачка е и бројката која секоја година достигнува од скоро 4 000 до 5 000 изгубени човечки животи заради штетните честички. Ккао последница на аерозагадувањето едно од девет починати деца до една годинаго губи животот. 

„Треба нешто да се преземе во ригорозни мерки за контролирање на индустријата, затоа што немаме никаква контрола. Имаме многу јавни погони и индустриски капацитети коишто треба да поседуваат на пример Б-дозвола, а воопшто не се регистрирани или се увидени низа неправилности. Затоа ние бараме јавен регистар на сите индустриски капацитети.“ – Марјан Калевски „Зелен хуман град“.

Според податоците на европскиот истражувачкит центар, во 2019 година по смртните случаи од ПМ 2.5 честичките трошокот кон градот Скопје е над 200 милиони евра.

„Навистина не ми е јасно, која е мотивацијата на политичарите и како да допреме до нив, за да ги освестиме. Не знам што да кажам понатаму кога веќе има многу сознанија и за извори на загадувањето и за последиците од загадувањето и за економскиот трошок кој го предизвикува тоа загадување.“ – Јане Димески „Шанса за Центар“.

Горјан Јовановски од „Зелен Хуман град“ на протестниот марш потенцираше дека барањата ги класифицираат во четири категории. Едната категорија е справување со загревањето-во домаќинствата или институциите, посебно оние кои користат мазут, коишто треба да се префрлат на загревање од обновливи енергии-фотоволтаиици, фотоволтаични системи.

Вториот дел е автоцентричноста на градот-без добар јавен превоз и велосипедска мрежа, граѓаните на Скопје и останатите градови, според Јовановски нормално е да користат повеќе автомобили.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот, на тоа се става крај, за прв пат во октомври имаме суфицит во буџетот, притоа зголемени плати и пензии

Следно

Ангеловски од Сојуз на стопанската комора: 30 години се занимаваме со бизнис, не се случило да се земе толку ефтин кредит како тој од унгарските пари на владата

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop