Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ

March 27, 2024
1 min read

Над 350 луѓе ноќеска учествувале во потрагата по двегодишната Данка Илиќ во околината на местото Бањско Поле кај Бор во Србија откако девојчето исчезна вчера попладне.

За време на студената ноќ, спасувачите го пребарувале теренот во обид да го најдат девојчето кое го снема вчера околу 13:45. Потрагата ја раководат полицијата и противпожарната служба.

По исчезнувањето на Данка, во Србија за првпат е активиран системот “Најди ме” (Амбер алерт) создаден за брза реакција во случаи на исчезнати деца. Се користат дронови со топлотни камери, хеликоптери и кучиња трагачи во потрагата.

“Има кафеава коса, кафеави очи, височина околу 85 см. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики“, стои во описот на малата Данка на “Најди ме”. Девојчето не зборува но се одзива на повици на нејзиното име.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Туркије ги повикува европските земји да преземат мерки по нападите на поддржувачите на терористичката организација ПКК

Следно

4 години Северна Македонија во НАТО

Latest from Blog

Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки Џоана Андоноска. На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден
Go toTop