Screenshot

Проданоски: Со почит и единство Прилеп го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

April 8, 2026
1 min read

Со низа активности и пораки за единство, Општина Прилеп го започна одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

Градоначалникот Дејан Проданоски упати честитка до припадниците на ромската заедница, истакнувајќи дека тие се нераскинлив дел од општеството и важен сегмент во градењето на заедница заснована на почит, разбирање и еднаквост.

„Нашата определба е јасна – Прилеп да биде град на рамноправни граѓани, каде секој има можност да напредува и да придонесува“, нагласи Проданоски.

 

Тој посочи дека локалната самоуправа активно работи на подобрување на условите за живот, со посебен фокус на образованието, инклузијата и социјално-економската состојба на ромската заедница. Во таа насока, реализирани се повеќе проекти, особено во населбата Тризла, преку соработка со домашни и меѓународни партнери.

Како дел од идните активности, најавена е изработка на четири детални урбанистички планови за овој дел од градот, од кои два веќе се во тек. Дополнително, планирано е асфалтирање на околу четири километри улици, како и аплицирање на програми за обезбедување поголема поддршка за ромската заедница.

Општината континуирано инвестира и во водоводната и канализациската мрежа, уличното осветлување, како и во културниот и општествениот живот. Посебен акцент се става на интеграцијата на ромските деца во образовниот процес и нивната поголема вклученост во сите сфери на општеството.

Во чест на празникот, ромското знаме ќе се вее пред зградата на Општина Прилеп, како симбол на почит и заедништво.

Градоначалникот ги покани граѓаните да присуствуваат на културно-уметничката програма што ќе се одржи денеска во 17 часот во Домот на културата „Марко Цепенков“, каде заеднички ќе се одбележи значењето на овој ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојкоски: Советот на Општина Битола ќе работи побрзо и поорганизирано

Следно

“Speca djegës, luleshtrydhe, kivi e kërpudha”, Dogana e Maqedonisë sekuestron 12,5 ton fruta dhe perime

Latest from Blog

Спречен обид за криумчарење на златен накит вреден над 9.000 евра на „Богородица“

Од Царинската управа информираа дека на граничниот премин Богородица, царинските службеници, спречиле обид за криумчарење на златен накит. Накитот бил во вредност од 581.900 денари, за којшто сторителот се обидел да избегне

Бојкоски: Советот на Општина Битола ќе работи побрзо и поорганизирано

Советот на Општина Битола денска расправа по точката на дневен ред Деловник за работа на Советот на Општина Битола. Претседателот Бојан Бојкоски со новиот Деловник за работа на Советот на Општина Битола освен
Go toTop