Проданоски: Првата фабрика за селекција на отпад во Македонија ќе преработува до 10 тони на час

March 13, 2026
1 min read

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор за прва фабрика од ваков тип во Македонија, со современа технолошка линија за селекција.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека технолошката линија од реномираниот производител Technix е во завршна фаза на монтирање и ќе има капацитет за преработка до 10 тони отпад на час.

За време на увидот на терен, Проданоски заедно со директорот на ЈКП „Комуналец“, претставници од општинската администрација и главниот инженер од фирмата изведувач разговарале за текот на работите и следните фази од реализацијата на проектот.

Фабриката располага со 1300 кубни метри затворен простор каде што е поставена линијата за селекција на отпад, како и 5980 квадратни метри надворешен простор наменет за прием на отпад, манипулација со транспортни возила и складирање на селектираните материјали.

Со ставањето во функција на овој капацитет ќе се овозможи поефикасно раздвојување на отпадот, како пластика, хартија, најлон, метал и други рециклирачки материјали, што ќе значи помалку отпад на депониите и повеќе можности за рециклирање.

Според Проданоски, проектот има значење не само за Прилеп, туку и за целиот регион, бидејќи ваквите капацитети се клучни за воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад, каде што отпадот од повеќе општини ќе се третира на организиран и еколошки прифатлив начин.

Тој истакна дека целта на општината е создавање почиста животна средина, поодржливо користење на ресурсите и воведување современи решенија кои ќе обезбедат подобри услови за живот за граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

Следно

Божиновска: Снабдувањето со гориво е сигурно и стабилно за граѓаните

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop