Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП отвора простор за нови економски мерки

March 13, 2026
1 min read

13 март 2026, Скопје – Буџетот е ликвиден. Пари се обезбедени навреме и има простор за мерки доколку се потребни. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Само интерву“ на ТВ Канал 5.

„Работевме посветено во изминатиот период и испорачуваме како што сме испланирале. Граѓаните можат да бидат спокојни. Пари обезбедивме навреме. Условоите по кои ги обезбедивме беа многу поповолни. Издадовме Еврообврзница со убедливо најниска камата.“, рече министерката за финансии.

При тоа додаде дека има огромен  предизвик, но радува фактот дека има раст кај бруто домашниот производ. „Тоа е важно затоа што сите бројки, вклучително и јавниот долг го гледаме како процент од БДП и колку е тој поголем тоа значи дека јавниот долг ни се намалува, а со тоа се  отвора простор за дополнителни задолжувања доколку има потреба. Важно е како ја водите целокупната политика. Да, еден дел е со помошта што би требало да се даде преку форма на намалување на акцизи, даноци, што би значело намалени приходи во буџетот, но ќе реагираме соодветно, простор за одредени реакции има се уште“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката очекува политиките и одлуките што оваа Влада ги носи сега да се почувствуваат реално подоцна, затоа што вели, во економијата постои нешто што се нарекува временско задоцнување, односно дека растот во економијата бара континуитет во повеќе години.

Во интервјуто посочи дека не смета дека проекциите за прихдоите се преоптимистички и  направи споредба на приходите во 2025 и 2017 кои што се со реализација 95,91% од планираното за 2025 и 95,81% за 2017 година. Во однос на расходната страна потенцира дека нема нереализирани расходи, односно дека се исплатени сите обврски, вклучително и налозите за реализација на капиталните расходи.

„Се што стига како налог во Трезорот во МФ се исплаќа редовно и согласно упатството“, појасни министерката.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 411 милиони денари капитални инвестиции реализирани во Битола

Следно

Проданоски: Првата фабрика за селекција на отпад во Македонија ќе преработува до 10 тони на час

Latest from Blog

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop